Десет смртни гревови за виткост !

Магичните диети обично не даваат долгорочни резултати затоа е најбезбедно да се јаде помалку и да се избегнуваат т.н.празни калории (храна богата со енергија и со слаба хранлива вредност) како и сè друго што го отежнува топењето на мастите !
1. Зошто големо парче кога може мало?
Малкумина го јадат само она што го диктира начинот на исхрана, па сите понекогаш може да згрешат со чоколадо или чипс.
Меѓутоа, ако веќе згрешите не е сеедно дали ќе каснете ребро чоколадо или цело чоколадо од 30 дгр, дали ќе изедете мал чипс или семејно пакување …
Алармот ѕвони особено во случај на чоколадни стапчиња, кои вообичаено се сметаат како здрава храна, бидејќи тие содржат житарки, мед, јаткасти плодови .
Сето ова е точно, но тоа е храна која е здрава но дава премногу калории: едно големо чоколадно стапче во зависност од производителот, обично има повеќе калории отколку цел оброк на стек, компири и брокула.
Затоа, ако повремено треба да згрешите направете го тоа со мали пакувања.
2. Микробранова Печка
Микробрановите печки се најголема илузија во модерниот свет – долго време се рекламираа како брза и здрава алтернатива за јадења полни со сол, шеќер,глутаминати.
Истражувањата покажаа дека микробрановите печки ја менуваат молекуларната структура па храната стоплена во нив од нутриактивна гледна точка станува речиси бескорисна: накратко ќе го смири гладот, но вашето тело нема да ги добие клучните хранливи материи.
Затоа – микробранова печка да се користи повремено.
3. Грицки и други закуски
Темпото на живот кајповеќето луѓе не остава многу време за готвење. Кога сте на работа од наутро и кога ќе се вратите дома навечер, тешко е да не каснете нешто меѓу оброците.
Грицките и Кока-Колата ви додаваат 300-500 калории вишок, така што на неделно ниво е околу 3.000 калории, што е еквивалентно на речиси пола килограм на масти.
Затоа експертите ве советуваат наместо да каснувате индустриски грицки од секаков вид напаметно би ви било во торба со вас да си носите овошје и зеленчук.
4. Избегнувајте ги циклусите како прејадување-гладување
Ова сценарио им е познато речиси на сите кои некогаш се обиделе да ослабат: пред диетата си велите: “. Денес добро ќе се најадам, а од утре сум на диета”
Потоа неколку дена храбро гладувате и претераувате во една насока, за наскоро да попуштите и пак добро да се прејадете. И така во круг.
Најлошата диета е да пиете вода, да јадете домати и јогурт дневно, а по пет дена да прегладнете и да завршите над кутија колачиња.
5. Алхохол
Многу луѓе не водат грижа за она што го пијат, бидејќи тие мислат дека нешто што е течност не може да биде штетно, како што се на пример пивото и виното.
Никаде не се споменуваат калориите во индустриските сокови и газираните пијалоци,ликерите,пивото,виното…
Виното и пивото имаат свои предности и дури и се препорачуваат во мали количини, но не и кога сакате да изгубите тежина, затоа што тогаш треба да го конзумирате само она што на телото ќе му донесе најмногу корист со најмалку калории.
Голема чаша вино содржи околу 170 калории, па ако се пие по една секој ден, тоа е годишен вишок од 62.000 калории, или речиси девет килограми на масти.
6. Досада
Наместо да се досадувате дома (а со тоа и да размислувате за храна и повеќе се мачите ако сакате да симнете килограми), јавете се на пријател, прошетајте сам или со кучето (ако немате куче сепак постојат сосед, пријател или роднина).
Уживајте во добра книга …
Досадата е помеѓу најсигурните начини за дебелеење – пред да станете свесни за тоа затоа најфино да си најдете некоја занимација пред да го отворите фрижидерот !!
7. Претерување со шеќери
Шеќер (не маснотии) е главниот непријател на здравата исхрана и на виткоста. Го има во секоја индустриски преработена готова храна.
Шеќерот предизвикува замор, несоница, анксиозност, депресија, предвремено стареење …
8. Сокoви и фрапеа
Овошните пијалаци се секако подобра опција од чоколадото. Сепак овошјето е најдобро да се јаде цело зошто така внесувате вредни влакна.
Влакната заситуваат, затоа храната сиромашна со влакна мора да ја конзумираме во поголеми количини за да чувствуваме ситост.
На пример 2,5 дл сок од портокал содржи исто толку калории како чаша Кока-Кола.
9. Дехидрација
Многумина ги мешаат жедот и гладот, а живите суштества воглавном се составени од вода, погзижете се да пиете најмалку 1,5 литри вода на ден (ова е минимум што треба да се пие, ако се бавите со физичка активност).
Само ако пиете доволно, ќе знаете кога сте навистина гладни.
10. Исфрлете ги маснотиите од исхраната
Иако последниот во оваа серија, овој “грев” е еден од најпознатите катастрофални, бидејќи мастите се од суштинско значење за нормалното функционирање на телото.
Сепак, тоа не е важно каков вид на масти земате: несомнено треба да ги ограничите таканаречените лоши масти (готови оброци, повеќето животински масти, крофни и скоро сите слатки) и да ги замените со здрави масти.
Најдобар извор на високо квалитетни масти се јатјастите плодови, семенки, маслиново масло, некои овошја (авокадо) … На кратко, незаситени масти кои ги содржат наведените состојки благотворно влијание врз маснотиите во крвта и циркулацијата на крвта, и се одлични за кожата и мозокот.