Детоксикација на организмот со природен сок

Пристигнува пролетта, на организмот му е потребна детоксификација. Ни пристигнуваат убави денови, свежо овошје и зеленчук, и секако пролетниот замор.
Најздраво е да се јаде свежо овошје и зеленчук, но понекогаш е добро да се има и претходно подготвен пијалок.
Како што се препорачува да се пие вода со лимон секое утро по будењето, исто така е здраво да се пијат овошни сокови и пијалоци од зеленчук пред појадокот или наместо утринско кафе.
Пијалок од морков и јаболко
За овој пијалок ви е потребно:
-половина килограм јаболка
-половина килограм моркови
-20 грама мед
-4 чаши вода (800 мл)
Убаво измијте ги јаболката и морковите, исчистете ги и изрендајте ги или користете миксер.
Потоа, во 8 дл врела вода, додадете ги јаболката и морковите, се варат 15 минути, на крајот додадете го медот.
Важно е смесата да биде подеднакво густа и добро да се меша во текот на готвењето.
Откако ќе биде готов напитокот, истурете го во стаклено шише и ставете го во фрижидер. Пијте го 30 минути пред јадење по една чаша.
Нутритивни вредности: 474 калории, 6,58 гр протеини, 10,8 гр јаглехидрати, 0 гр масти