ДИЕТА ЗА СИТЕ КОИ СЕДАТ ДОЛГО

Штом веќе го читате ова значи дека сте пред компјутер, а ако сте пред компјутер тоа значи дека седите.
Ако имате проблем со вишокот килограми ви ја предлагаме следнава диета.
Диетата се држи 14 дена. По потреба може да се повтори но само после двонеделна пауза.
Појадок
●250 мл млеко, филџан црно кафе без шеќер, 50 гр кашкавал, 50 гр црн леб или
●Сок од портокал или грејпфрут, филџан чај или кафе без шеќер, 1 варено јајце, 1 парче двопек.
Ручек
●Свеж зеленчук по желба (наместо оцет користете лимон), 100 гр месо или 150 гр риба; или 2 јајца, 50 гр црн леб, или
●Месо или риба 200 гр, овошна салата со лимон, филџан чај или кафе.
Вечера
●Супа од зеленчук; сирење или јогурт, 150-200 гр овошје, или
● 200 гр варено месо или риба, 100 гр спанаќ или домат, или 200 гр салата зачинета со лимон, 100 мл млеко
Но она најважно што треба да го знаете е дека со оваа диета потребно е да се движите барем еднаш дневно по 15 минути тоа подразбира да пешачите или да трчате.
Пожелно е и да правите вежби за зајакнување на мускулите во долниот дел на телото.