Добра предиграта за добар секс

Често помислата на секс толку многу не возбудува што не сакаме да почекаме ни момент и ја прескокнуваме предиграта.
Факт е дека понекогаш брзиот секс, на пример утринскиот може да биде одличен и да ја доведе вашата партнерка до врвот, но сепак треба да обрнете внимание и на предиграта.
„Некои луѓе мислат дека единствено самиот сексуален чин е важен, но поискусните во сексот ќе се согласат дека понекогаш предјадењето е поважно од главното јадење“ – велат сексолозите.
Истражувањата покажуваат дека и на мажите и на жените им се потребни 18 минути предигра за на крајот да доживеат комплетно задоволство.
„Голема возбуда може да почувствувате од бакнување, допири, па и од орален секс кои понекогаш може да бидат посилни, пожешки и многу повозбудливи од самиот сексуален чин.
Клучот на секоја предигра е добро да анализирате што сакате и што ве возбудува.
Поради тоа, многу е важна комуникацијата меѓу партнерите и споделувањето на скриените желби и фантазии“.