ЕВЕ НЕКОЛКУ ПРИЧИНИ ЗОШТО НЕ ГЛЕДАТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ВЕЖБАЊЕТО

Редовно го посетувате фитнес центарот, редовно вежбате, “чесно” се препотувате, но сепак се’ уште не гледате резултати од напорното вежбање.
Еве неколку причини:
Пред се премногу сте строги кон себе !
Можеби и не се работи за реален недостаток на резултати, туку едноставно си поставувате премногу висока цел.
Можеби сте сконцентрирани само на еден дел од телото, па затоа не гледате напредок на останатите делови на телото.
Внесувате повеќе калории отколку што трошите на тренинг
За навистина да се ослободите од вишокот на килограми не е доволно само редовно да вежбате, туку и да ја редуцирате вашата исхрана.
Не заборавајте да ги пресметате и калориите кои ги внесувате со соковите, кафињата и останатите напитоци.
Повторувате една иста вежба
Убаво е тоа што на тренинзите ја пронајдовте вежбата која многу ви одговара и едноставно ја засакавте, но ако сакате да видите реални промени на вашето тело, мора да правите комбинирање на вежбите.
Немате доволно предизвици
Истражувањата покажуваат дека интензитетот на тренингот многу повеќе влијае врз топењето на килограмите од самото времетраење на тренингот.
Вашето тело брзо се навикнува на одредени вежби па мора често да си поставувате нови цели за постигнување.
Премногу сте заморни или под стрес
Диетата и тренинзите нема да можат да ви помогнат ако не спиете или не се одморате доволно, или пак сте под константен стрес.
Ако на работа сте под притисок, вашето тело нема добро да изреагира на тренинзите.
Потрудете се некако да го намалите нивото на стрес и спијте барем 7 часа секој ден.
Премногу долго седите
Сите знаеме дека повеќето работни места во денешницата бараат повеќечасовно седење на столица, најчесто пред компјутер.
Но, вежбањето во таков случај најчесто нема да ви помогне со оглед на тоа дека воопшто немате никаква физичка активноста надвор од теретана.
Ве советуваме понекогаш да прошетате или пешки да отидете или да се вратите од работа.
Може да практикувате и раздвижување додека имате телефонски разговори.