Едит Вилма Конор – Најстарата бодибилдерка на светот

Дали мислите дека бодибилдингот не е за жени и стари лица? Што ќе кажете за Едит Вилма Конор, 77-годишна натпреварувачка во бодибилдингот.
Едит и според Гинисовата книга на рекорди е најстарата конкурент во овој спорт и една од најстарите жени која воопшто се занимава со бодибилдинг.
Г-ѓа Конор со бодибилдинг почна да се занимава многу доцна, на возраст од 65 години учествувала во првиот натпревар, каде го освоила првото место.
Од таму, сè започна и таа стана сертифициран личен тренер со ниско специјализиран тренинг за стари лица.
Со 16 деца, внуци и правнуци, Едит го направи вежбањето семејна работа. Таа вежба најмалку три пати неделно и не држи диета.
“Кога се подготвувам за натпревар, вежбам со поголема тежина.”, Вели Едит. “За мене е забавно да нафрлам 10 килограми”.
“Почнав со бодибилдинг, бидејќи тоа е забавна активност што можам да ја правам сама.
Ме ослободи и ме опушти од стресот. На работа по цел ден седев на компјутер, па ми беше поинтересно да се занимавам со тегови отколку со вработените. “. Ги опиша Едит нејзините почетоци.
Значи, никогаш не е доцна. Оставете ги изговорите и почнете давежбате. Ако може г-ѓа Конор можете и вие.