Експрес диета

Едноставната експрес диета спаѓа во групата на „брзи диети”.
Направена е така што диеталците нема да почувствуваат глад а „наградата“ e два килограми помалку за само три дена.
Причина за ваквото брзо губење на тежината е комбинацијата на намирници кои брзо даваат чувство на ситост, дури и во услови на намалено внесување на намирници.
Експрес диетата е одлична на кратки патеки, после подолг период на обилна исхрана и кога сакаме да прекинеме со лошите навики во исхраната кои обично не „обземаат“ за време на различните празници.
Оваа диета значително ја ограничува количината на храна која се внесува и како последица на ова доаѓа до благ дефицит на витамини и минерали што би требало да се надокнади со адекватни суплементи.
Напомена : Оваа диета се држи само три дена (72 часа) – секое држење преку овој период е контрапродуктивно.
Циклусот на оваа диета може да се повтори после 4 дена умерена, стандардна исхрана.
Експрес диета 2 кг за 3 дена – план на оброци по денови
Ден 1
Појадок:
– едно парче интегрален леб
– една шоља полномасно млеко
Ручек:
– 300 гр компир пире
– шоља чај (зелен, од билки или црн)
Вечера:
– 250 гр салата направена од варен компир, варени јајца,со маслиново масло или сончогледово масло
– шоља чај (зелен,од билки или црн)
Ден 2
Појадок:
– една шоља полномасно млеко
Ручек:
– 200 компир пире
– 100 гр салата од зеленчук (најдобро е сезонски мешан зеленчук)
– шоља чај (зелен, од билки или црн)
Вечера:
– еден свеж домат
– шоља чај ( зелен,од билки или црн).
Ден 3
Појадок:
– едно парче интегрален леб
– една шоља црно кафе (без шеќер)
Ручек:
– 300 гр компир пире
– шоља чај ( зелен, од билки или црн)
Вечера:
– 250 гр салата од варен компир и варени јајца со маслиново или сончогледово масло
– шоља чај (зелен, од билки или црн)
Заклучок:
Многу прикладна диета за оние кои се нетрпеливи и кои што сакаат брзи резултати а единствена мотивација им е да се ослободат од неколку килограми вишок кои ги добиле за време на празниците.
Одлична е и за премин на друг, умерен начин на исхрана – едноставно кога треба да се пресечат новосоздадените (лоши) навики.