Екстензија на трицепс

– Мускули кои се вклучени
Примарни: Трицепс (Lat.Triceps brachii)
Секундарни: Стомачни мускули (Lat.Rectus abdominis), Мускули на задникот (Lat.Gluteus maximus)
– Начин на изведување
1. Ставете ги рацете на аголот на маса или седиште на стол или некој друг предмет како топка и сл. Застанете во правилна положба со стомакот надолу, нозете споени, главата да ви биде меѓу рацете или наведната надолу.
2. Држете го вашето тело во права линија потпирајќи се на нозете, рацете свиткани, се потпирате на прстите, стомачните и мускулите на задникот стегнати, спуштете го вашето тело без да ги виткате колената.
3. Потоа подигнете го телото со помош на рацете.
На овој начин ги истегнувате мускулите на трицепсот,стомакот и задникот.