ЖЕН ШЕНОТ СУПЛЕМЕНТ ПРОТИВ СТРЕС И НАПОР

За што се користи жен шен?
Жен-шен е многу широко користен адаптоген, што значи дека се применува за да го прилагоди телото во услови на зголемен притисок и стрес.
Влијае на подобрување на целокупниот тонус и делува стимулативно.
Покрај тоа, ја подобрува циркулацијата, го регулира крвниот притисок, го зголемува вниманието и концентрацијата, ја зголемува отпорноста на организмот.
Aдаптогените имаат способност да го забрзаат ослободувањето на физичката енергија, ја зголемуваат издржливоста, здравјето и виталноста.
Влијание врз намалувањето на нивото на шеќерот во крвта и го намалува лошиот холестерол.
Жен шенот ја зголемува издржливоста, го намалува уморот и ги зголемува енергетските резерви.
Името Panax е од грчко потекло и значи “лечи се” (грчки Пан значи сите, akeomai-значи лекува).
Жен шенот значи човечки корен, затоа што коренот на растението се користи за лекување и потсетува на човечката фигура
Се користи кај несоница, хроничен замор и депресивни состојби. Тој е ефикасен во случај на анемија, воспаление на зглобовите – артритис, циркулаторни нарушувања, импотенција.
Жен шенот го спречува зголемувањето на нивото на шеќер во крвта. Неговото влијание врз жлездите за внатрешна секреција (ендокрините жлезди) помага подобро да се искористат витамините и минералите во организмот.
Ова е важно за луѓето кои неправилно се хранат (брза храна, без готвена храна)
Како делува жен шенот?
Жен шенот има способност да ја зголеми психолошката и физичка издржливост, влијае на активноста на мозокот и го стимулира лачењето на адреналин.
Се користи од страна на студентите, спортистите, работниците, бизнисмените, односно сите оние кои се изложени на состојба на зголемен стрес, работа под притисок, треба да се исполнат рокови, немаат добро усогласени периоди на работа и одмор.
Се покажа дека жен-шенот 1,5-2 пати ја зголемува работната способност во услови на физичка и ментална исцрпеност.
Има својства да ја подобри циркулацијата на крвта и го стимулира сексуалниот нагон, затоа се користи при елиминирање на машка импотенција, подобар ефект се постигнува кога се користи долгорочно.
Жен шенот ги користи масни киселини како извор на енергија за работа на мускулите.
Влијае за подобрување на белодробната функција, зголемување на концентрацијата на кислород во ткивата и го намалува формирањето на млечна киселина која доведува до чувство на замор.
На Жен шенот му се препишува способноста за регулирање на крвниот притисок, но тоа не е потврдено.
Постојат различни податоци и по мислења на некои лица, земање ниски дози на женшен го зголемува крвниот притисок а високи дози на намалување на крвниот притисок.
Жен шенот и други адаптогени не треба да се земаат континуирано туку само во неопходни ситуации.
Под негово влијание бројот на грешки направени од страна на компјутерџии при пишување е намален за два пати.
Особено се користи од страна на постарите за да се зголеми виталноста.
На помладите се препорачува сибирски женшен, кои се смета за послаба форма на стимулативно сретство.
Антиоксидантни ефекти од жен шенот можат да бидат од корист за пациенти со болести на срцето.
Како се зема жан шенот?
Обично се применува 100-500 мг екстракт од женшен.
Се зема на празен стомак со многу течности, најдобро наутро.
Сепак, реакцијата на организмот на препорачаните дози е индивидуална па некои може да имаат непроспиени ноќе на ниски дози, а ка другите се бара значително повисоки дози за да се исполни ефектот.
Обично по постојана употреба, 2-3 недели се прави пауза 1-2 недели
Во кои случаи не треба да се користи жен шен?
Женшенот не треба да се користи кај деца, бремени жени, доилки, кај алергии на женшен, кај луѓето со висок крвен притисок, инфективни болести, хемофилија, пореметување на коагулацијата на крвта.
Кои несакани ефекти може да се јават при примена на жен шен?
Може да се појават следниве несакани дејства: несоница, гадење, главоболка, висок крвен притисок (жен шенот предизвикува зголемување на крвниот притисок, па на луѓето кои го имаат овој проблем им советуваме да внимаваат).
Потребна е претпазливост кај пациенти со дијабетис поради можноста за поттикнување на хипогликемија. Не треба да се претера во количината на жен шен а препорачаните дози немаат несакани ефекти.
Адаптогените не треба да се применуваат во случај на зголемена нервна возбуда, висок крвен притисок, инфаркт на миокардот, зголемена телесна температура.
Жен шенот може да го намали и да го зголеми крвниот притисок, па се советува претпазливост кај хипертоничарите и хипотоничарите.
Луѓе кои примаат антитромбоцитна терапија или имаат пореметување на коагулацијата на крвта, треба да земаат помали дози, бидејќи се зголемува можноста од крварење.
Со кои лекови во исто време не треба да се користи жен шен?
Истовремената употреба на жен шен со антикоагуланси (ја зголемува можноста за крварење) и антидијабетици (може да предизвика хипогликемија).