Зависност од слатка храна

Забрзаното темпо на живот, натпреварувачкиот дух и преголемите лични и семејни очекувања го зголемуваат постојаниот стрес кај повеќето девојки и возрасни жени.
Со текот на времето тие стануваат хронично напнати и загрижени.
Од таквата психичка состојба произлегува натрупување на бројни негативни емоции како што се страв, гнев и чувство на вина.
Со оглед на тоа дека во денешното друштво е културолошки неприфатливо да се искажуваат такви емоции пред другите, повеќето жени и девојки со тек на време научуваат вешто да ги прикриваат.
Ваквата глума скапо ги чини, бидејќи кога во домот ќе се соочи самата со себе, сета таа потисната енергија почнува да тражи излез, со опасност од избувнување.
Во тие моменти чоколадото, колачите полнетите пецива или бисквитите стануваат најдобри пријатели и утешители бидејќи успешно ги отстрануваат напнатоста и незадоволството, донесувајќи спокој и смиреност.
За жал дејството на овие слатки “седативи“ е краткотрајно бидејќи за само 15-20 минути напнатоста повторно расте и се јавува желба за нова доза на слатка храна и повторно блаженство.
На овој начин се повеќе жени ги “лечат“ своите тегоби и ги надоместуваат незадоволствата.
Сите сме свесни за постоењето на зависноста од алкохол, никотин, дрога и лекарства, но ретко некој помислува за постоење на зависност од храна.
Меѓутоа оваа зависност е реална но не за било која храна.
Впрочем секогаш се работи за еден ист вид на храна – онаа која задолжително содржи јаглехидрати.
Храната богата со јаглехидрати, особено онаа во чиј состав се “брзите“ јаглехидрати т.е. шеќери и бело брашно, во телото предизвикува сложени биохемиски процеси.
Многу брзо по внесувањето на таква храна доаѓа до нагли промени во нивоата на одредени хемиски супстанци во мозокот кои се нарекуваат неуротрансмитери. Меѓунив најзначаен е серотонинот, кој нагло расте веднаш по внесувањето на јаглехидрати.
Скокот на нивото на серотонин во мозокот доведува до брзо настанување на чувство на смиреност и задоволство.
Ова пријатно расположение со тек на време станува секојдневна потреба и внесувањето на количината на јаглехидрати постепено се зголемува.
Желбата за јаглехидрати може и психолошки сосем соодветно да се спореди со неодоливата потреба за се поголеми количини на алкохол или никотин кај алкохоличарите или пушачите.
Кај зависноста од јаглехидрати психата и хемијата на организмот играат сложена меѓузависна улога.
Од една страна е “ хормонот за среќа“ серотонин во мозокот,а од другата страна е исклучително важниот хормон инсулин, чија количина управува со нивото на шеќерот во крвта.
На тој начин серотонинот и инсулинот со своите размери го одржуваат кругот на зависност од слатката храна.
Конкретната личност постепено губи контрола над својата исхрана и станува жртва на напади од прејадување.
Отпочеток на тој начин брзо го подобрува расположението, а подоцна нејзиниот проблем станува метаболички, бидејќи наглите и неумерените осцилации на шеќерот во крвта можат да се надоместат само со се поголема количина на храна.
На тој начин целокупната исхрана станува хаотична и личноста се движи од крајност во крајност, или гладува или се прејадува со јаглехидрати.
Последица е или константно здебелување или болимија т.е. кога прејаденото лице ја исфрла храната со повраќање или лаксативи.
Личностите кај кои се развила зависност од јаглехидрати најчесто имаат генетска предиспозиција кон здебелување, како и за ниски нивоа на серотонин во мозокот.
Кај овие лица здебелувањето напредува многу брзо и со тек на време станува сериозен здравствен проблем.
Денес постојат медицински методи со кои зависноста од јаглехидрати успешно се лекува и се држи под контрола, и така постепено доаѓа до намалување на вишокот на масно ткиво и корегирање на биохемиските пореметувања во телото.
Важни делови на секој програм се нутриционистичките мапи, тренинзитете и физичката активност покрај соодветна психотерапија.
И понатака секојдневно се среќаваме со тешки психички и физички последици на оваа зависност која непрекинато се шири, а особено помеѓу девојките и младите жени.
Тоа постојано докажува колку е зависноста од јаглехидрати сериозен медицински проблем кој сеуште не е сосема препознаен нити пак доволно сериозно сфатен.