ЗГИБОВИ-НАЈДОБРИ ВЕЖБИ ЗА ГРБ !

Една од основните но често запоставувани вежби од страна на вежбачите се згибовите. Постојат многу варијации во нивното правилно извршување и можат значително да придонесат за напредок на целиот горниот дел од телото.
Грбните мускули се најголема мускулна група во телото.
Тие се поделени на трапез, лепези и мускули во долниот дел на грбот. Силен грб е многу важен за развојот на другите мускули.
Грбните згибови се основните вежби за грб, што секако не треба да се игнорираат.
Иако често неправилно правени, згибовите влијаат на грбот повеќе од било која друга вежба.
Најдобри згибови за грбот
– Фатете ја шипката што пошироко, со шаките обратно од позицијата на вашето тело.
– Спуштете се да висите и лактите да ви бидат максимално испружени..
-Кога се кревате бидете сигурни дека ќе се подигнете што погоре.
Ако сте почетник, обидетесе брада да ја надмине висинаната на шипката, доколку долго вежбате обидете се да се подигнете колку што е можно што повисоко над шипката.
-Ова е вежба за грб, така што нема движење или лулање со нозете.
-Правете што повеќе повторувања со пауза од 30-60 секунди одмор помеѓу сериите. Сето ова можете да го правите и со оптоварување без да забушавате.
Згибовите највеќе ги опфаќаат таканаречените лепези на грбот. За долниот дел на грбот ненадмината вежбање се грбните вежби.
Згибовите се неопходни вежба за широк и силен грб, но најдобри резултати се постигнуваат со комбинирање на згибовите со вежби на машини како што се лат, суво веслање итн.
Грбот вежбајте го еднаш до двапати неделно.