Зголемување на задникот во мода

Заоблените ѕвезди како Џеј-Ло или Ким Кардашијан се инспирација за многу девојки, но оние на кои природата не ги обдариласо дарежлива позадина спасот почнаа да го бараат во козметичките и пластичните операции.
Се повеќе девојки одат кај пластичен хирург со барање да се зголеми или да се формира задникот.
Витките издолжени супермодели веќе не се во мода, нов тренд покажува дека колку повеќе – толку подобро. Девојките (а и момчињата) бараат поголем и обликуван задник, и постојат неколку начини да се формира таков задник.
“Butt Lift” (подигнување на задникот) – многу слично на “face lift”, лекарот ќе го отстрани вишокот од кожата на задникот и ќе го затегне останатото ткиво.
Пренос на масти на вашиот задник – Лекарот ги зема масните клетки од друг дел од телото каде што има вишок и ги инјектира во задникот. Со оваа постапка се добива заоблени позадина.
Моделирање на задникот – Докторот користи трајни филери и нив ги инјектира во задникот на пациентот за да даде нов изглед.
Импланти – конечното решение. Како и кај зголемување на градите, докторот користи силиконски импланти за зголемување на задникот.