Здрави и нискокалорични рецепти со свежа урда

Половина чаша свежо безмасно сирење содржи 16 грама протеини. Оние кои внимателно го следат внесот на јаглехидрати ќе бидат воодушевени од фактот дека една порција урда содржи само 4-5 грама јаглехидрати.
Мускулите и виткото телото се резултат на напорен тренинг и режим на исхрана.
На метаболизмот активно во градење на мускулите и согорување на мастите му се потребни протеини на секои три часа, па затоа не е тешко да се претпостави дека пилешкото месо, туната и протеинските пијалоци набрзо стануваат досадни.
Како одличен алтернативен извор на млечни протеини се препорачува свежата урда.
Ако сте ја избегнувале свежата урда од некои ваши познати причини пробајте ги овие неколку вкусни рецепти за да откриете дека урдата може да стане вкусен додаток во многу јадења.
Црвен бибер: Посипете ја урдата со малку црвен бибер.
Овошје: порција урда помешајте со овошје како што се јагоди, боровинки, банана или ананас. Посебно шумските плодови се добар избор ако сакате овошје со низок коефициент на шеќер. Ако сте загрижени за фруктозата тогаш заменете го свежото овошје со овошни сокови.
Мармелад : помешај те 1 чајна лажичка мармелад со 1 мажичка свежа урда.
Чоколаден мус: Додадете 1/2 лажичка од вашиот омилен чоколаден протеин (или 1 лажичка какао), 1 лажичка инстант микс за пудинг од чоколада, 1 лажица урда (ако е потребно, додадете малку вода или млеко). Посипете внатре неколку сецкани ореви или бадеми и добро измешајте .