Здрави напитоци по тренинг

Знаеме дека суплементацијата, во различни форми, е редовен „оброк“ после секој тренинг. Протеини, креатини, амино киселини… се некои од вообичаените производи кои ги користиме после тренинг за обнова на мускулите. Текстот кој следи нема да биде за споменатата спортска суплементација, туку за пијалоците кои се составен дел од нашата средина. Добар дел од овие пијалоци треба да бидат вклучени во секојдневната исхрана на спортистите со цел успешно да се задоволат потребите на организмот за хранливи материи. Па ајде да одиме..
Сок од домати – Доматот е многу богат со витамини А, Б и Ц, антиоксиданси и калиум. Секоја од овие состојки игра многу важна улога во телото на спортистот, поддржувајќи го неговиот имунитет, кој многу често е загрозен поради напорните тренинзи. Сокот од домати е вистинско витаминско освежување за квалитетно закрепнување.
Млеко – И покрај добро познатиот факт дека многу луѓе се чувствителни на лактоза, млекото е и одличен напиток после тренинг. Млечните масти, доколку се консумираат умерено, играат важна улога во прераспределбата на енергијата за време на закрепнувањето на спортистите. Млечниот протеин е еден од најдобро апсорбираните протеини во човечкото тело. Но, со млекото треба да се внимава и не е пожелно да се зема пред натпревар или за време на интензивни тренинзи.

Сок од брусница – Брусницата спаѓа во групата на супер намирници кои имаат исклучително значајни здравствени придобивки за човечкото тело. Покрај високиот процент на антиоксиданси, сокот од брусница е познат по своите антивоспалителни, кардиоваскуларни и дигестивни придобивки. Најкорисен е во состојби на опоравување после болест или повреда кај спортистите.
Чај од ѓумбир и камилица – Мешавината од овие два чаја ќе придонесе за подобрување на сонот на спортистот, а знаеме колку е важен добриот сон како елемент на тренажниот процес, односно закрепнувањето. Овој чај се пие навечер, пред спиење, а посебен ефект има пред натпреварот кога спортистите се многу напнати и вознемирени. Покрај тоа, тој е одличен за дигестивниот тракт.
Сок од портокал – Овој сок е еден од најпопуларните пијалоци во светот. Ова е 100 проценти природен сок без додавање на засладувачи. Покрај изобилството на витамин Ц и антиоксиданси, сокот од портокал ќе ви помогне да ја искористите енергијата од депоата кои не се во преден план при физичка активност. Одличен избор за секој спортист.
Многу е важно да се напомене дека секој од овие пијалоци е најефикасен ако се пие на празен стомак. Пиењето било каква течност после оброк го нарушува варењето и не му дозволува на телото максимално да ги апсорбира хранливите материи.