Зелени пролетни и летни нутриенти

Најпаметна работа е да се храните сезонски, бидејќи тоа е најприродна и најздрава исхрана.
Пролетта и летото носат зелена боја а со тоа и најздравите видови нутриенти за исхрана и детоксикација.
Утрото започнетего со чаша зелен чај, кој е многу ефикасен да го ослободи телото од токсини, ги зајакнува крвните садови и целиот имунолошки систем.
Вашиот организмот бара свежа салата од сезонски зеленчук. Оброкот почне го со салата за телото полесно да го започне дигестивниот процес.
Термичка обработка треба да се сведе на минимум, бидејќи на овој начин се зачувуваат хранливите материи и витамини во зеленчукот.
Блитва
За почеток на маслиново масло, пропржете лук и додадетеја блитвата. Може да се направи погача од блитва, салата од блитва или блитва со компири.
Таа содржи витамин Ц, калциум, железо и тоа е многу добро за имунитетот.
Блитвата го штити дебелото црево и обезбедува силни коски. Спречува висок крвен притисок и проблеми со срцето.
Спанаќ
Спанаќот е еден од најпознатите хранливи нутриенти која е богат со калциум, магнезиум, железо, витамин Ц и витамин А.
Се препорачува со маслиново масло и многу е важно да се готви во поклопен сад во врела вода само една минута.
Коприва
Копривата се користи во исхраната поради нејзината хранлива вредност (цинк, бакар, витамин Ц, магнезиум, калциум, кобалт).
Се користи за правење пита, како додаток во мусака, како дополнување на супи или како чај.
Корисна е во некои здравствени проблеми како ревматизам, анемија, заболувања на црниот дроб и жолчката.
Овие растенија имаат сличен состав, богати се со железо кое е составен дел на хемоглобинот.
Не заборавајте добра да ги измиете пред да ги користите за спремање на оброци.
Пролетта и летото носат поздрава исхрана за посилен имунолошки систем.
Зелената боја е бојата на здравјето!