ЗОШТО СЕКОГАШ БИРАТЕ ПОГРЕШЕН ПАРТНЕР ?

Дали имате чувство дека секогаш кога сте во врска, тоа го правите со погрешен човек?
Дали мислите дека совршениот маж за вас не постои?
Ние одвоивме неколку знаци и причини зошто секогаш наидувате на Г-дин Погрешен. Погледенте кои се тие.
Се движите многу брзо во врската
Една од главните причини зошто секогаш го привлекувате погрешниот маж е ако уште на почеток на врската настојувате работите да се движат премногу брзо.
Брзите случувања на работите во врската не се лоши, но само ако тоа е во вистинско време.
Во спротивно, Г-динот Вистински постепено ќе стане Г-дин Погрешен.
Можеби е време да ги смените своите тактики и да го натерате вашиот партнер да чека за се.
Имајте поголема самодоверба
Големата самодоверба е карактеристика која ја поседуваат жените кои го привлекуваат Г-дин Вистински.
Исправете се и покажете си себе си, но и на другите колкава е вашата самодовреба.
Константно живеење во минатото
Иако можеби не сакате да го заборавите вашето бившо момче како личност, сепак ако константно го споредувате со секој можен маж и се навраќате на истиот тип на маж постојано, ќе треба да се промените во однос на тоа како ги бирате момчињата и да престанете да живеете во минатото.
Не споредувајте го со никого и прифатете го онаков каков што е.
Незнате каков тип на маж ве привлекува
Дали знаете кој е вашиот тип на мажи? Освен да го споредувате со вашето бившо момче, дали имате комплетен план кој тип на маж ве привлекува?
Ова може да биде огромна причина зошто секогаш го одбирате Г-дин Погрешен.