Зошто крушите се здрави?

Традиционална медицина одамна ги препознава лековитите својства на крушите.
Пред било што да кажеме за нив треба да знаете дека крушите не се јадат на празен стомак или по месо и тешки јадења.
Особено по круши не треба да се пие вода, бидејќи тоа може да предизвика дијареа.
Од друга страна, ако страдате од запек (затвор) Крушите се одлично решение за овој проблем. Свежи круши и компот од круши допринесува за чистење на цревата.
Заслуга е ова на пектинот, кој се наоѓа во крушите, делува како диуретик и има блага лаксативна активност.
Пектинот во крушите помага во намалување на нивото на холестерол, особено ако се јадат свежи неолупени круши, со тенка и мека кора.
Храна за доенчиња
Многу лекари препорачуваат дека крушите се една од првите плодови со кои треба да се хранат бебињата.
Иако овие тврдења не се научно докажани, никој не го оспорува фактот дека кашичките од круши лесно се варат па затоа им се даваат на бебиња од рана возраст.
Друга причина заради која треба да се форсираат кашички од круши е дека ова овошје многу ретко предизвикува алергии.
Го забавува стареењето
Најмалку три порции овошје на ден за 36% го намалува ризикот од макуларна дегенерација, која се јавува во процесот на стареење.
Податоците кои се објавуваат во Archives of Ophthalmology покажуваат дека за овие лековити својства се должни на антиоксиданти, витамини А, Ц и Е, кои се наоѓаат во крушите.
Го намалува ризикот од мозочен удар
Антиоксидансот глутатион кои се наоѓа во крушите позитивно делува врз намалување на притисок, како и намалување на ризикот од мозочен удар.
Уште еден антиоксиданс од крушите – кверцетинот помага во спречување на рак и артериски оштетувања кои може да доведат до срцеви заболувања.
Штити од дијабетес
Крушите заработија посебно признание за намалување на ризикот од појава на дијабетис тип 2.
Истражувачите откриле дека одредени видови на флавоноиди во храната може да ја подобрат чувствителноста на инсулин, и од особен интерес во оваа област се во три групи на флавоноиди (флавоноли, флаван-3-оли и антоцијани), кои се наоѓаат само во крушите.
Меѓутоа новата анализа на Nurses ‘Health Study покажа дека комбинацијата на јаболка и круши има најдобар ефект врз намалување на ризикот од дијабетес тип 2.
На дијабетичатите им се препорачува редовно да земаат сок од свежи круши 30 минути пред јадење.
Лекуваат простатитис
Во традиционалната медицина крушите илјадници години се користат за лекување на простатитис, која е една од најчестите уролошки дијагнози кај мажите на возраст помала од 50 години.
Чајот од лист од крушите влијае на исфрлање на камен и песок од бубрезите, и го олеснува отстранувањето на бактериите од уринарниот тракт а делува и кај воспаление на зглобовите.
Ја подобруваaт функцијата на срцето
Поради високиот процент на калиум и натриум, крушите ја стимулираат секрецијата на течности и го намалуваат крвниот притисок, ја подобруваат функцијата на срцето, преносот на нервните импулси и работата на мускулите.
Покрај калциум и натриум, крушите содржат многу фолна киселина, која помага да се спречи појавата на артритис и реума, а се неопходни за добра невро-мускулна работа.
Го олеснуваат заморот
Препорачливо е да се јадат крушите кај состојби на замор, вртоглавица, лушање на срцето, кај губење на апетит и имунитет.
Ако сте анемични секој ден треба да јадете два големи круши за ручек, како десерт.
Во овој случај, крушите се јадат излупени, додека кашата треба да се помеша со две лажици мед.
Ја намалува кашлицата и лекува бронхитис
Круши и сушени круши помогнаат кај кашлица и треска. Варени и печени круши се користат за лекување на бронхитис и белодробна туберкулоза.
Ја намалуваaт температурата
Со векови, крушите се користат за намалување на температурата. Голема чаша свежо исцеден сок од крушите ќе придонесе за непосредно чувство на ладење.