Зошто стара шминка е штетна за здравјето?

Дури 70% од жените се одлучуваат за козметички производи да ги фрлат кога целосно ќе ги потрошат, а не затоа што ги имаат долго, докажува една студија спроведена во Велика Британија.
Ова значи дека можеби и вие во вашиот несесер имате најмалку еден производ, кој е постар од три години. А тоа е огромна радост за разните бактерии кои се репродуцираат.
Не треба да зборува за тоа дека некој козметички производ нема толку долг рок на траење.
Максималниот рок на траење на кармин и руменило во просек е две години, за козметички производи во форма на кремови, рокот на траење истекува дури и по три месеци, како и на маскарата и коректорот.
Можеби сте виделе дека професионалните шминкери кои шминкаат модели пред шоуто ги палат врвовоте на моливите со кои шминкаат, тоа го прават за да се спречи ширењето на вирусни, бактериски и габични инфекции од самиот молив што доаѓа во контакт со кожата и очите.
Ако веќе имате само ваш молив, острете го редовно, не грижете се дека ќе го потрошите брзо бидејќи рокот на траење е една година.
Ваков рок на траење имаат и користат сите кармини и пудрата.
Рокот на употреба е означен на пакувањето на секој производ, каде е означен со бројот на месеци колку можат да траат.
Ако стои број 3, тоа значи дека рокот на траење му е уште 3 месеци, ако е означен број 18, значи уште 18 месеци.
Овие рокови важат ако производите ги чувате во одредени хигиенски услови, што значи да не ги допирате со валкани раце, или да не ги оставате отворени.