Зошто јаглехидратите дебелеат?

Сеедно е дали вежбате 3 часа или 30 часа неделно, вашата диета е еден од најважните фактори кои регулираат што ќе искористите како енергија.
Денешното мислење за високо-јаглехидратната и ниско-маслената диета брзо се менува, како што луѓето повеќе почнуваат да сфаќаат дека, иако константно вежбаат, сепак не губат од телесната маса.
Бидејќи јаглехидратите содржат малку или воопшто не содржат масти, нема да верувате дека тие можат да завршат како масни наслаги.
Сепак, најмалку 40% од јагленихидратите кои ги јадете завршуваат како масни наслаги.
Конзумирајќи премногу јагленихидрати, дури и без масти, навистина ќе создадете масни наслаги.
Затоа што на тој начин вашето тело ги чува и користи крајните продукти на јагленихидрати кои ги конзумирате. Јагленохидратите, било да се во форма на бомбона или чоколаден колач, ја појачуваат глукозата кога ќе дојдат до крвотокот.
Шеќерот е шеќер- телото не ги разликува
Значи, ако конзумирате преголема количина на јагленихидрати, нивото на вашиот шеќер во крвта ќе порасне, покренувајќи го вашиот панкреас да лачи инсулин.
Инсулинот врши контрола над тоа каде шеќерот од крвта ќе се зачува. Нешто се користи како енергија, а нешто се складира во мускулите како гликоген (зачувана форма на шеќер).
Бидејќи вашето тело може да сочува само 2000 калории како гликоген, вишокот ќе биде зачуван како масти.
Инсулинот исто така спречува постоечките масти да излезат од складилиштето и да се искористат како енергија.
Доколку немате пристап до своите масни наслаги и нивното согорување, вие во континуитет ќе ги сочувате јагленихидратите како масти.
Клучот е во искористувањето на што повеќе од сочуваните масни наслаги за енергија, со други зборови, морате да го согорите вишокот на шеќер и складираните масти.
Можете да го контролирате горивото кое вашето тело ќе го согорува преку диета, како за пример, доколку воглавно јадете јагленихидрати, тогаш нивото на вашиот шеќер во крвта станува нестабилен, а неговото согорување може да стане недостапно бидејќи присуството на инсулин спречува мастите да бидат искористени како енергија.
Затоа многу луѓе “удираат во ѕид” на 20 километри во маратон.
Тие трчаат од јагленихидратите, не од мастите. Ако избегнувате високо- јагленохидратна диета и јадете пропорционално избалансирани јагленихидрати, протеини и масти, вашето тело пропорционално ќе ги согорува масните наслаги.
Сите природни масти- како што се омега 6 (која се наоѓа во билките) и омега 3 (која се наоѓа во рибата) – добри се за вас ако ги користите умерено.
Бидејќи ефикасноста на човечките хемиски процеси тешко се мери, ќе се задржите на тоа како вие се чувствувате.
Општи симптоми на презаситеност со јагленихидрати се докажуваат со желбата за спиење после јадење, потреба за благо, глад после 2 часа од високо- јагленохидратниот оброк, и потреба за ужина преку целиот ден.
Брзиот метаболизам согорува повеќе масти кои го хранат телото со 2 пати повеќе енергија за разлика од јагленохидратите.
Повеќе внесени масти значи повеќе енергија и ќе постигнете поголема издржливост.
Доколку не можете да бидете 4 часа без оброк, а работите или тренирате, постои веројатност дека сте внеле премногу јагленихидрати.
Така што, секој оброк кој го припремате треба да содржи приближно 45% од вкупните калории преку јагленихидрати, 30% од протеини и 25% од масти.
Значи треба да останете во зоната на согорување на мастите, бидете сигурни дека вашето тело согорува масти!