Избегнете ги повредите !! Научете да ги читате сигналите што ви ги дава вашето тело !

До несакани ефекти за време на тренингот најчесто доаѓа поради тоа што едноставно не ги следите сигналите што вашето тело ги испраќа.
Доклоку го познавате вашето тело, лесно можете да знаете кога сте претерале, кога имате повеќе енергија, кога треба да прекинете и така натаму.
Со запознавање на вашето тело отворате можност за многу поефективен тренинг, а исто така се намалува можноста од несакани ефекти како што се повреди, замор, стрес, итн.
На овој начин си овозможувате самите себе си многу поголем напредок, а оставате помалку простор за негативни последици.
Ќе ви претставиме некои заеднички сигнали кои телото ги испраќа за време на тренингот и ќе ви помогнеме да ги разберете и да одговорите навремено, со цел да се избегнат несакани исходи.
Болка во мускулите во тек на тренингот
Доколку чувствувате болка во мускулите за време на вежбањето тоа е јасен знак дека напорно тренирате и тоа е секако добро.
Болката во мускулите за време на вежбањето е добредојдена, до одреден степен бидејќи се појавува по голем напор.
Кога болката станува интензивна и неподнослива време е да запрете.
Доколку тоа не го сторите може да резултира со сериозни повреди што може да ве однесе на долга пауза.
Болка во зглобовите
Болка во зглобовите е јасен показател дека одреден зглоб (или повеќе) мора да ги одморите односно да им направите пауза. Кога ќе се почувствувате болка во мускулите значи дека многу тренирате и напрегате одредена мускулна група.
Кога ќе почувствувате болка во зглобовите тоа обично значи дека не се доволно загреани или едноставно трпат преголем напор.
Ако не го слушате вашето тело и продолжи со вежбање и покрај болката во зглобовите, без разлика колку може да ви се чини безопасна, тоа може да доведе до долга пауза и сериозни повреди.
Вртоглавица
Кога имате вртоглавица за време на тренингот треба да направите кратка пауза. До ова обично доаѓа поради пад на шеќерот во крвта, прејак интензитет на тренингот, глад или недоволно внесување на течности.
За да можете да тренирате до максимум и при тоа да немате вртоглавица внесувајте доволно течности, сложени јаглехидрати и други хранливи материи.
Сува уста
Ова се разбира е јасен знак за недоволно внесување на течности.
Водата е многу важна и затоа потрудете се да ја консумирате редовно.
Ако не внесувате доволно течности, освен што устата ќе ви биде сува и нема да можете да тренирате со полна брзина, исто така ќе се чувствувате слаби и незадоволни.
Aida Zejnilovik liked this on Facebook.
Nik Bifit liked this on Facebook.
Filip Georgiev liked this on Facebook.
Orce Serafimovski liked this on Facebook.
Dijana Miovska liked this on Facebook.
Jelena Petkovic liked this on Facebook.