Изберете вежби и спорт во зависност од вашата професија

Пливањето е за оние кои седат премногу, џогирање за луѓето под стрес, гимнастика за оние кои во текот на работното време обично се на нозе.
Малку да се движите бидејќи работата ве врзува за бирото или можеби целиот ден го поминувате седејќи на работното место во затворен простор без свеж воздух?
Ден по ден, година по година, таква работа се одразува на вашето здравје.
Одеднаш ќе почнете да чувствувате напнатост, болка во секој дел од телото, прободување во грбот, мускулите ви слабеат, и вие сте нервозни …
Ако на тоа ги додадеме масти наслаги и килограмите кои се акумулирале од не движење, на видик ви претстои катастрофа.
Но запамтетете никогаш не е премногу доцна за да се посветите себеси.
Ако се чувствувате добро во вашето тело, ќе заживеат и вашите интелектуални капацитети и лесно ќе ги извршувате секојдневните активности.
Се разбира, во секоја професија некои делови на телото се користи повеќе, некои помалку.
Оние кои се занимаваат со интелектуална или административна работа и оние кои студираат или сите кои часови и часови поминуваат седејќи во затворен простор, ги чувствуваат последиците пред се во грбот: се јавува болка, задникот се опушта и создава предуслови за неестетски перничиња на бутовите, колковите и на стомакот.
Секако станува збор за целулитот и масните наслаги.
Успешни бизнисмени данокот на професијата прв пат почнуваат да го плаќаат со болка во вратот, стегнатите мускули, анксиозност и стрес, и нозете почнуваат да стагнира поради слаба циркулација.
Домаќинки, кој поголемиот дел од своето време го поминуваат вршејќи домашни работи, чувствуваат болки во Ахиловата пета и во нозете.
Треба да се соочиме со слабите точки на вашето сопствено тело и да му помогнете да се избегнат нарушувањата, кои на крајот ќе влијаат на вашето целокупно здравје.
Не е важно колку ве мрзи да спортувате, не заборавајте дека милиони луѓе во светот сфатиле дека редовното вежбање, било гимнастика, било рекреативни спортови, или јога или други ориентални вештини, се со цел за подобрување на општата состојба на организмот, кои така зајакнат полесно ги поднесува секојдневните напори.
Изберете го она што е најзгодно за вас, што нема да ви претставува дополнителен напор, туку задоволство.
Најважно е да запаметите дека редовното вежбање е од клучно значење за успех.
Професија: Секретарка
(Книговодител и другите професии кои вклучуваат долго седење)
Спорт што најмногу ви одговара:
Одбојка и сите спортови во сала се многу корисни за зајакнување на мускулите на рбетот, нозете и задникот.
Пливањето е идеален за подобрување на циркулацијата и зајакнување на мускулите на трупот.
Многу е корисно да танцувате латино-американски танци (салса и сл.) кои ја елиминираат тензијата на мускулите, особено во задниот дел.
Се препорачуваат џез и фанки танци, кои ја подобруват координацијата на движењето, ја елиминираат напнатоста и го олеснуваат стресот.
Професија: Домаќинка
(И други професии кои вклучуваат долго стоење)
Спорт што најмногу ви одговара:
За сите оние кои долго стојат на нозе, велосипедизмот највеќе одговара, ги зајакнува мускулите на нозете и глуждовите.
Освен во природа, може да возите и стационарни велосипед во ритамот на музиката.
Аеробик и ритмика се добри за зајакнување на глуждовите и колената, како и поттикнување на периферната циркулација.
Исто многу е корисна и гимнастика во вода – во базен или во море.
Професија: Менаџерка
(И други професии кои вклучуваат зголемување на нивото на стрес)
Спорт што најмногу ви одговара:
Јога, истегнување, пливање и јавање се спортови кои се препорачуваат за решавање на анксиозност и притисок.
Трчањето смирувачки делува врз мускулите и нервниот систем. Можете да трчате и на паузите во текот на работното време.
Корисни се и тенис и сквош, кои ја отстрануваат акумулираната агресија, но и мускулната напнатост, особено во рамената и рацете.
Се препорачува и аеробик, степување и мечување, значи вежби кои овозможуваат слободно движење на телото.