Изненадувачки причини зошто не губите телесна тежина и покрај вежбањето

Дури и најмалите грешки во процесот на слабеење може да резултираат со побавно губење на тежината, а спорото губење на тежината значи дека на крајот ќе се разочарате и веројатно ќе престанете да вежбате.
Пред да скршнете од патот на здравата храна и вежбањето, еве кои се ситни но влијателни грешки што спречуваат килограмите да се стопат:
Правете само кардио вежби не и вежби за снага
Многумина а највеќе жените, сакаат да ги стопат килограмите, не и да добијат на мускулна маса, особено во подрачјето на рацете, грбот и рамената и затоа само се практикуваат само кардио вежби што вклучуваат трчање.
Тоа е голема грешка, прво затоа што големите мускули нема да се создадат преку ноќ ниту брзо а друго затоа што вежбите за снага се многу значајни за зајакнување на зглобовите но и за забрзување на метаболизмот.
Мускулите го забрзуваат метаболизмот и затоа дури и после тренингот, уште долго време да согорувате калории!
И понатаму го прескокнувате појадокот …
Сите сеуште скептично гледаме на појадокот – кој има време да јаде во раните утрински часови кога брзаме за на работа? Порадо би седнале да испиеме кафе, а потоа ќе чекаме ручек на работа.
Ова е сосема погрешно, особено ако вашата цел е да ги намалите килограмите.
Ако појадувате во утринските часови, во текот на денот ќе имате помала потреба за храна а и ќе јадете помалку.
Појадокот е задолжителен оброк, бидејќи ви овозможува енергија а таа енергија ќе ве обезбеди целиот ден!
Сеуште уживате во благите сокови
Газираните и слатки сокови не хидрираат како водата, а исто така во себе имаат – премногу калории.
Ако се уште сте на овие сокови и не сте ги отстраниле од вашата исхрана, тогаш можно е дека поради нив се уште вагата стои на истото место.
Калориите може да ги внесете и преку пиење.
Тоа не значи дека треба целосно да си го забраните било кој сладок пијалок, намалување на минимум, како што се 250 мл на ден – и тоа е премногу!
Наместо да спиете – вежбајте!
Сигурно сте горди на својата упорност, па наместо да спиете подолго – станете порано и почнете да вежбате.
Сепак, недостатокот на сон предизвикува промени во работењето кои го регулираат апетитот и затоа ќе имате поголема потреба да џвакате нешто – целиот следен ден.
Со оглед на тоа дека хормоните ќе бидат упорни, веројатно на крајот ќе бидете уморни и вежбањето што го практикувате и што ви го одзело сонот, нема да има премногу смисла.
За да се реши овој проблем, направете си план кој ќе ви овозможи да отспиете потребни 7-9 часа за да се одмори вашето тело и да го опремите со доволно енергија за следниот ден.