И куќните работи трошат калории: со домашните работи до совршена форма !

Како и секој друг вид на физичка активност и домашните работи согоруваат калории како да изведувате помали вежби, и така како бонус отвораат простор за поправање на формата на телото на подолг рок.
Иако луѓето обично не размислуваат за самото одење како вежба, или качувањето по скали наместо користење на лифтови, сите овие движења трошат одредена количина на енергија, која по празнењето вршејќи ги овие активности ги трансформира мастите во нова енергија.
Ист е случајот и со било кој од домашните обврски кои ги правиме за да го направиме простор за живеење попријатен.
Во продолжение проверете кои од овие домашни работи се најефикасни во поглед на потрошувачката на калории.
Седмично 2000 калории ние трошиме на домашните работи
Без разлика колку да се досадни домашните работи, експертите проценуваат дека околу 2.000 калории неделно трошиме вршејќи ги токму нив, што не е информација која треба да се потценува.
Првата активност на листата поради зачестеноста на вршење е миењето садови.
Обично трае околу 15 минути на ден а на неделна основа тоа значи горење на 500 калории.
Веднаш по миење на садовите е пеглање, куќна работна која неделно трае околу три часа согорува дури 420 калории.
Миење прозорци со траење од еден час троши 325 калории. 100 калории согорува чистењето на кадата и чистење на тоалетот.
Перење и простирање на алиштата исто така, бара различни движења, па тоа значи 78 калории неделно.
Чистење со правосмукалка како активност која многу потсетува на кардио вежби неделно во просек трае половина час а троши 90 калории.
Бришење прашина бара “гориво” од 25 калории.
Оние кои имаат градина, енергија трошат во косење трева (1 час / 325 калории), како и самата работа во градината со траење од најмалку 30 минути, троши уште 213 калории.