КАДЕ ГРЕШИТЕ КОГА СЕ ОБИДУВАТЕ ДА СЛАБЕЕТЕ?

Доколку сакате да ја постигнете, но и да ја задржите посакуваната тежина и линија, време е да го промените животниот стил.
Тоа што е неопходно е да одбегнувате нездрави намирници, секојдневно да вежбате и да спиете редовно.
Многу девојки грешат при обидите брзо да изгубат килограми. Еве неколку совети за да знаете кои начини на слабеење не функционираат.
Изгладнување
Најлоша, но и најчеста грешка со која сакате да стигнете до витко тело е изгладнувањето.
Поточно, се работи за мачење на мускулното ткиво и целото тело, кое може да резултира со разни промени во метаболизмот, и затоа не е исклучено ни дека можете да фрлите некој килограм повеќе.
Сите доктори и експерти со причина повторуваат: екстремните диети се лоши за здравјето, но и неизводливо е да ги одржате на долга патека.
Таблети, шејкови и разни препарати за слабеење
Колку добра реклама и да имаат, и без оглед на атрактивната продавачка и магичните резултати и препораките на другите корисници, за жал, не постои магична таблета, прав или шејк кои би ви го скратиле маките.
Затоа, следниот пат, место да купите слим таблета, купете килограм јаболка – поисплатливо е и поефективно.
Разни начини на не-вежбање
Твојата пријателка ти кажала како да изгубиш 2 сантиметри во обем само ако секојдневно одиш во сауна?
Размисли два пати пред да одлучиш да ја испробаш таа метода, бидејќи повеќечасовното потење во сауна или мотањето во пластична фолија нема да те ослободи од масните наслаги.
Потењето е добар показател, но само ако се работи за потење настанато од вежбање, а не лежење во сауна.
Еднолична исхрана
Веројатно си слушнала за диета која препорачува да се внесува само одредена храна во телото.
На пример, јаболка. Повеќето луѓе веруваат дека едноличната исхрана ќе им помогне во постигнувањето на саканата тежина и фигура, но ќе се случи токму спротивното.
Научните студии покажале дека за најконзистентно губење на килограми вреди да се комбинираат правилни и редовни вежби со здрава исхрана.
Ако го исклучите едното од овие две нешта, веројатно обидот ќе биде безуспешен.