Какаото совршено здраво за се!

Овој освежителен пијалок е добар за меморија, го победува заморот и делува како афродизијак.
Ако секој ден пијат какао стари лица може да го подобрат здравјето и функцијата на мозокот.
Ова е резултат на истражувањето во кое 60 лица со просечна возраст од 73 години пиеле 2 чаши какао секој ден.
Студијата покажала дека по ова конзумирање на какаото, крвта побрзо им протекувала до мозокот.
Испитаниците после пиењето какао биле успешни и на тестовите за меморија.
Ова растение кафеаво по боја е вистински еликсир на здравјето.
Позитивниот ефект на флавоноидите во какаото влијаат за подобрување на меморијата.
Фасцинантноста на овој чоколаден пијалак датира од шпанските колонизатори и од тогаш, со векови е еден од омилените пијалоци, на кои се припишуваат лековити својства.
Ако сте постојано уморни и исцрпени земете ја вашата дневна доза на какао. Со овој сладок пијалок може да се справите и со болката и со намалување на апетитот.
Постојат дури и тврдење на британските научници дека какаото е добар лек против опаѓање на косата.
За сите дами посебно се препорачува да уживаат во овој магичен пијалок.
Жените кои пијат една чаша какао секојдневно имаат помека и повлажна кожа, отпорна на сончевите зраци.
Од античките времиња се знае дека какаото е и моќен афродизијак.
Затоа, изненадете го партнерот со чаша топол напиток, кој ќе ви ја распали страста 🙂