Како да ги третирате мускулните грчеви?

Ако некогаш сте имале мускулни грчеви тогаш знаете дека се многу болни. Во некои случаи, мускулот може да претрпи многу силни грчеви што дури оставаат модрица.
Повеќето случаи на мускулни спазми, всушност, се силни мускулни контракции. Грчевите можат да бидат благи или многу болни.
Иако може да го опфатат било кој скелетен мускул, обично се јавуваат на мускулите на нозете, стапалата и мускулите кои се протегаат помеѓу два зглоба на пр. Мускулот на листот од ногата.
Грчеви инаку можат да влијаат на дел од мускулите или на целата мускулна група.
Најчесто погодени мускулни групи се:
• Задниот дел на потколеницата (gastrocnemius)
• Задниот дел на бутот (задна ложа)
• Предниот дел на бутот (квадрицепс)
• Стапалата, шаките, рацете и стомакот
По интензитет на грчевите можат да бидат од типот да предизвикаат мала непредвидлива болка или оние кои предизвикуваат огромна болка.
Мускулниот грч може да биде многу остар и да потрае неколку секунди до неколку минути. Исто така за грчевите, не е невообичаено да се повторат и повеќе пати пред целосно да исчезнат.
Што го предизвикува грчот на мускулите?
Точната причина за мускулни спазми е сè уште непозната, но во теоријата генерално се наведуваат следниве причини:
• Промена на невромускулна контрола
• Дехидрација
• Намален број на електролити
• Лоша кондиција
• Мускулна слабост
• Некоја нова активност
Уште еден фактор што може да предизвика грчеви во мускулите е вежбање во екстремни горештини.
Се верува дека почести се мускулни грчеви за време на горештина, бидејќи поради потењето се ослободуваат поголем број на електролити (сол, калиум, магнезиум и калциум).
Кога овие хранливи материи ќе паднат до одредено ниво, инциденцата на мускулни спазами се зголемува.
Бидејќи спортистите многу често добиваат грчеви во предсезоната, непосредно пред крајот или ноќта по напорниот и интензивен тренинг, некои веруваат дека недостатокот на кондиција влијае на грчевите.
Санација на мускулните спазми
Грчевите обично заминуваат сами по себе, но овие совети сигурно ќе го забрзаат процесот сам по себе:
• Запрете ја активноста која предизвикува грч
• Нежно истегнете го и измасирајте го мускулот што е во грч
• Држете го зглобот истегнат додека грчот не помине
Спречување на мускулни спазми
Се додека ние не се знае точната причина за настанок на грчот тешко е да се советува како да се заштитите себе си од тоа. Сепак, експертите и спортистите го советуваат следново:
• Поправете ја вашата кондиција за да се избегне воспаление на мускулите
• По тренингот се препорачува редовно истегнување
• Загревање пред тренинг
• Една од можните причина за грчеви е недостаток на калциум и магнезиум, па внесувајте мултивитамински додатоци или храна која е богата со калциум и магнезиум
• Протегнете ги мускулите на листовите: Застанете во расчекор со нозете напред и затегнувајте ја задната нога
• Истегнете ја задната ложа: Седнете и свиткајте ја едната нога, а другата испружена, истегнете го стапалото и прстите, зглобот останува опуштен, потоа навалете се напред и допрете ги прстите на испружената нога. Повторете го истото со другата нога.
• Истегнете ги квадрицепсите: Стоејќи фатете го врвот на стапалата на спротивната нога и нежно повлечете ја кон задникот. Вежбата повторете со другата нога.
Повеќето грчеви во мускулите не се сериозни. Но, ако се силни, ако се случуваат често и ако ве секираат, треба да посетите лекар.