Како да го забрзате метаболизмот со 5 фантастични зачини

Побрзо функционирање на метаболизмот, во пракса значи и помалку таложење на маснотии, подобро функционирање на дигестивниот систем и целокупно подобрување на здравјето.
Затоа, многу се обидуваат да најдат начини да го забрзаат својот метаболизам.
Покрај вежбањето и одредена корекција на исхраната, како докажани помошници па дури и со додавање на одредени зачини во вашата исхрана може да го убрзате вашиот метаболизам.
Црвена пиперка
Познатата супстанца капсацин, која е одговорна за пиперно чувство во устата, е одлична за убрзување на вашиот метаболизам.
Познато е дека генерира со дополнителна топлина во телото, но во исто време ја подигнува и метаболичката стапка.
Научното истражување покажа дека употребата на лути пиперки како зачин, метаболизмот се забрзува за околу 5 проценти, а исто така е утврдено дека ја зголемува оксидацијата на мастите за 16 посто, дозволувајќи му на телото да согорува повеќе масни наслаги.
Ѓумбир
Коренот исто така познат како ѓумбир, кој се здобил со слава по своите лековити својства, исто така е одличен сојузник на патот кон забрзување на метаболизмот.
Супстанцата гингерол е главно оружје на ѓумбирот, а таа супстанца е многу слична на гореспоменатата капсацин.
Покрај можноста за консумирање во салати, ѓумбирот е многу ефикасен и кога се става во топла или врела вода, чие пиење го забрзува процесот на преработка на храната.
Куркума
Познатиот индиски микс зачин познат како куркума, е неизбежен дел од кујната на еден од најнаселените земји во светот.
Куркумин е компонента која работи како антиоксиданс и го спречува развојот на некои од најопасните болести на нашето време а со тоа и го забрзува метаболизмот.
Истражувањата покажаа дека консумирањето на куркума може директно да се поврзе со намаленото нивоа на инсулин и отпорност на лептин, за кој инаку се верува дека го регулира процесот на акумулација на масти во телото.
Цимет
Познатиот зачин цимет, не само што има интересен вкус, исто така помага кај дијабетес тип 2 со намалување на гликозата во крвта, кај борба со зголемено ниво на триглицериди, холестерол и висок крвен притисок.
Покрај тоа, помага кај ефикасна обработка на шеќер, намалувајќи ја можноста да се складира во вид на масти.
Ким
И покрај тоа што не чини дека е толку познат, кимот сепак има многу широка примена во кујните од целиот свет и неговите позитивни карактеристики укажуваат на тоа дека треба што повеќе да се употребува.
Ким исто така го намалува “лошиот” холестерол и триглицеридите, и го зголемува нивото на “добриот” холестерол.
Кимот привремено го забрзува метаболизмот, како и пиперките и е една од намирниците што го поттикнува топењето на масните наслаги и губење на тежината.