КАКО ДА ГО ИЗРАМНИТЕ ДОЛНИОТ ДЕЛ НА СТОМАКОТ?

Долниот дел на стомакот е еден од најголемите проблеми кај жените (кај мажите се појавува многу поретко) после целулит.
Вежби за стомачни и советите кои се за намалување на масните наслаги од стомакот често не делуваат на долниот дел на стомакот.
Можете да го отстраните целулитот, масните наслаги и да го затегнете задникот и градите но наталоженото сало во долниот дел на стомакот може да го направи целиот труд безнадежен и да ви го наруши секси изгледот.
За сите оние кои се борат со овој проблем, ние спремивме неколку совети кои сигурно ќе ви бидат корисни, но не треба да се откажувате.
Сало во оваа сфера најтешко се отстранува и потребно е повеќе време.
Трчање е задолжителна ако сакате рамен стомак. За да имате најдобри резултати најдобро е да се комбинираат кратки, средни и долги патеки.
Комбинирајте трчање на 100, 200, 1000 и 5000 м и повеќе, ако сте во форма. Ова ќе ве доведе до одлични резултати, ако сте упорни.
Здравата исхрана е исто така уште еден неопходен елемент во вашиот живот ако сакате да имате совршена линија.
Овде можете да најдете многу за здравата исхрана и добро запамте те дека таа е основата на сè. Прво средетеја исхраната а потоа размислете за тренинг.
Пијте многу вода. Водата е многу важна за вашето тело, особено ако сакате да изгубите на тежина.
Покрај тоа што водата овозможува да функционирате ви помога и да ги отстраните масните наслаги.
Пијте 2,3 литри вода на ден и повеќе ако ја трошите и стомакот на крајот ќе исчезне.
Правете долни стомачни вежби.
Наместо подигање на горниот дел од телото и зајакнување на мускулите на горниот дел од телото посветете време и внимание на долниот дел од стомакот.
Легнете и подигнете ги нозете нагоре, до речиси 90 степени не виткајќи ги колената.
Кога ги враќете долу спуштајте ги колку што можете повеќе притоа без да го допирате подот.
Со оваа вежба значително го зајакнувате долниот дел на трупот и го обликувате.
Вежбите за долниот стомак ги правите 2-3 пати неделно за мускулите да имаат време за да се одморат.
Долниот дел на стомакот може да биде минато но треба да се придржувате кон нашите совети и да бидете упорни.
Рим не бил изграден за една ноќ, за успехот е потребно време.