Како да се здобиете со тежина (здраво) и да добиете мускулна маса?

Веднаш штом ќе се спомене зборот диета, на повеќето луѓе прво нешто што ќе им падне на ум ќе биде губење на тежината. Сепак, под терминот “диета” се крие многу пошироко значење. Исхрана е термин кој се користи за опишување во праксата на земање на точниот износ и вид на храна, со цел да се постигне одредена цел.
Најчестио нејзината цел е да се намали телесната тежина, но постојат и многу други причини зошто луѓето се одлучуваат да држат диета. Некои луѓе држат диета поради здравствени причини, други за естетски, некои едноставно да се чувствувате подобро и да го намалат заморот.
Во оваа статија ќе се справуваме со оние кои имаат одреден проблем, а тое е премногу мала телесна тежина и не знаат како да се здобијат со тежина на здрав начин.
Статистичките податоци покажуваат дека 10% од мажите страдаат од премала телесна тежина. Исто како што прекумерна тежина е опасност по здравјето, така и премалата тежина може да претставува голем проблем.
Причината за овој проблемот може да биде едноставна, премногу мал внес на енергија во однос на потрошувачката или пак лоша инсулинска осетливост и брз метаболизам.
Важноста на хормоните
Во целава оваа возбуда и конфузија на калории и храна често забораваме на хормоните, кои имаат големо влијание врз промената на телесната тежина. Познато е дека недостатокот на хормоните на тироидната жлезда (хипотироидизам) го успорува метаболизмот, а со тоа може да доведе до зголемување на телесната тежина, додека од друга страна вишок на хормони (хипертироидизам) може да доведе до губење на тежината.
Друг важен хормон, кој е, секако, потребно е да се спомене, е инсулинот.
Кога конзумираме храна богата со јаглехидрати, таа веднаш се разградува и абсорбира во крвотокот. Нивото на шеќер во крвта нагло расте, од тироидната жлезда се излачува инсулин кој го елиминира шеќерот од крвта на тој начин што мал дел складира во мускулите и јетрата за да бидат како гориво следните неколку часа, а остатокот се претворува во масти и ги потхранува масните клетки за резервна енергија.
Како што инсулинот брзо делува,шеќерот во крвта е уште понизок послем оброците и организмот мисли дека му недостига енергија а инсулинот во крвта е сеуште висок и не дозволува да се користи маснотијата за енергија.
Резултат е глад и потреба за храна богата со јаглехидрати која брзо дава енергија. Откако ке се најадеме јаглехидрати, организмот ги спрема како масни наслаги додека инсулинот е висок во крвта. Обратниот процес е, одсуството на инсулинот им овозможува на масните клетки полека да го отпуштаат својот состав во крвотокот каде што мастите со помош на јетрата повторно се претвораат во енергија кој на телото му е потребна за нормална работа.
Како да се здобиете со тежина на здрав начин?
Кога атанува збор за дебелеење, најлесно тој проблем би го решиле со канти со помфрит, литри на кока кола и други нездрави намирници.
Меѓутоа никој не сака да се здебели на тој начин на набие перници од масни наслаги окулу себе, затоа и кај гоењето треба да бидеме внимателни и внимателно да ги избереме намирниците кои што имаат поголема калориска вредност но истовремено се здрави иквалитетни.
Во правилно застапената исхрана треба да бидат застапени белковини,јаглехидрати и масти. За просечна особа која што нема зголемана телесна активност тој размер треба да биде 15-20% протеини, 55-60% јаглехидрати и 25-30% масти. За луѓе кои сакаат да се здобијат со мускулна маса, овој однос се менува во корист на протеини и намалува на процентот на масти.