Како да се победи Хроничниот замор ?

Заморот е феномен што ја придружува секоја човечка активност, ја намалува оперативната ефикасност и негативно влијае на односот кон работата. А тоа е всушност најлошиот облик на замор.
Психолошкиот замор е чувство на исцрпеност, летаргија, раздразливост и промени во расположението.
Во зима, ние трошиме околу 90% од времето во затворен простор. На овој начин ни е полесно да ја поминеме зимата, но тоа не ги исполнува нашите биолошки потреби.
Некои од начините да се победи замор се: поттикнување на чувството за мирис, допир, чаша вино, убава бања …
Допир
Топлината на сонцето може да ја замени човечката топлина. Масажа, прегратки и држење за раце се одлични начини за стимулирање на сетилото за допир.
Пијте многу вода. Кога вашето тело е дехидрирано, ќе изгубите енергија и се чувствувате уморни.
Затоа, треба да пиете чиста вода за да се спречи дехидрација.
Иако кафето долго време се смета за традиционален енергетски пијалок, пијте повеќе минерална вода, сок или зелен чај.
Овошјето или природните овошни сокови богати со витамин Ц може да ја подобрат концентрацијата и да го отфрлат заморот.
Појадувај те
Ако никогаш не сте имале навика наутро да јадете, време е за промена.
Работа на вашиот метаболизам ќе се забави и ќе започнете да чувствувате умор ако добро не се најадете.
Обидете се во појадокот да вклучите јогурт, сирење и интегрален леб и пециво и некое овошје.
Музика
Слушај те добар весела музика, потпевнувајте и танцувај те. Љубовни и романтични песни слушајте преку лето. А зимно време нешто што ќе ве раздвижи.
Сите видови на латино музика се добредојдени. Потпевнувај те некоја песна “во главата” цел ден, која ќе ве тера да се чувствувате фантастично.
Стрес
Невозможно е да се избегне, не може да се ослободите од него, но постојат успешни методи со кои може да се намали.
Престанете да се грижите за мали работи, за ситници.
Приказните кои не се од егзистенционално значење нека “влезат на едно уво, на другото да излезат.”
Луѓето кои ви ја црпат енергијата (“емоционални вампири”) почнете да ги избегнувате, во секој случај ништо корисно не ви носат.
Вино
Две шољи исецкани цитрони натопете една недела во еден литар црвено вино, исцедет и пијте голтка по голтка, 1 дл дневно, најмалку 6 недели.
Но со алкохолот ни случајно не претерувајте, бидејќи премногу конзумирање има контраефект, паѓате во се поголема депресија.
Зеленчук
Јаде колку можете повеќе зеленчук (свеж, конзервиран, замрзнат): кељ, боранија, грашок, домати, пиперки, зелка.
Движете се и шетај те барем 30 минути дневно ако не се бавите со некоја друга физичка активност или спорт.
Што треба да избегнувате?
• големи количини на кафе и кофеински пијалаци; кофеинските пијалаци енергија ја креваат многу брзо, но нивниот ефект е краткотраен и кога ќе измине нивното дејство ќе станете уште повеќе уморни
• алкохол и седење во задимени простории; сите знаеме дека една чаша до две вино го подигнуваат расположението и исто така знаеме како изгледаме после мамурлак 🙂
• многу часовно гладување и еден голем оброк на ден; појадокот ви дава енергија за да го започнете денот, лесен ручек помага да го издржите денот на работа, но ако ја претерате со вечера нема да бидете во можност да спиете. Изберете овошје, ореви, природни сокови и не го оптоварувајте стомакот, бидејќи не ќе можете да спиете.
• претеран внес на слатка и мрсна храна.
• здодевност, Цивилизацијата на денешницата, најнапредните во историјата, со највисок стандард на живеење досега, има произведено и некои негативни аспекти: досадата- нешто што полека убива.
Затоа пронајдете си хоби, читајте некоја книга, сурфајте на интернет, излезете со пријатели, гледајте телевизија или одете во шопинг.
Но никако не се досадувај те 🙂