Како да се третираат изгорениците од сонцето?

Лекување на изгорениците започнува со превенција. Правилна употреба на крем за сонце може да помогне при заштита.
Прво мора да се направи разлика помеѓу митови за заштита од сонце од самите факти.
Изгорениците настануваат како резултат на УВ зрачење, сончева топлина, па може да се добијат и во средина на зимата и кога е ладно.
Изгорениците ја уништат нашата кожа, која вообичаено ја контролира топлината на телото, ја задржува или ослободува, ги задржува течностите и не штити од разни инфекции.
Не заборавајте, ако имате значајни изгореници од било кој вид, не двоумете се да се јавите на брза помош.
Како да ги третирате изгорениците?
• Тргнете се од сонцето. Дополнително изложување само ќе ја влоши ситуацијата.
• Погледнете дали имате мали пликови. Појава на плускавци обично значи дека кожата е целосно оштетена и компликации се можни.
Ако плускавците кои се појавија по површината на едната рака или стомакот треба обавезно да одите на лекар.
• Истуширајте се со ладна вода за да се ублажи болката.
• Намачкајте се со крем од алое вера или со друго средство за разладување. Не користете путер креми или било кое друго масло на изгорениците.
• За олеснување на болката може да користите лекови без рецепт како ибупрофен или парацетамол. Ако се потребно посилни аналгетици т.е ублажувачи на болка, советувајте се со лекар.
Совети
• Изгорениците може да предизвикаат отоци. Изгореници на лицето и вратот може да доведат до отоци кои дури можат да го отежнат дишењето. Во овој случај, веднаш обратете се на Прва помош.
• Изгорениците кои целосно ги покриваат вашите раце или стапалото може да доведат до такви отоци кои го прекинува протокот на крв.
Ако отоците почнат да трнат, да посинуваат, стануваат ладни, веднаш да се јавите на службите за итни случаи.
• За време на третманот на изгореници носете широка облека, од свила или лесен памук. Вештачките и тешки ткаенини само ќе ја иритираат кожата повеќе.
• Премногу сонце може да предизвика болест.
Важно е да знаете да разликувате и лекувате исцрпеност поради сонцето или пак топлотен удар во кој еден од симптомите се вртоглавица, гадење, главоболка и така натаму.