Како фитнесот да стане дел од вашиот ДНК код?

За некои луѓе се вели дека се “спортски тип”, додека за некои се вели дека се “анти-спортски”. Што точно подразбира тоа? “Спортски тип” е лицето за кое ќе се каже дека агилниот се занимава со спортови , има добри спортски резултати, ужива во спортот, се облекува спортски, па дури и дека има – спортски гени!
Кога би постоел спортски ген,тој кај некои луѓе би ја одредувал љубовта кон спортот и тренинзите до таа мера никогаш да не се откажуваат од тренинзите и секогаш би биле мотивирани за поинтензивен тренинг.
Истовремено луѓето што би го носеле овој ген би се занимавале со повеќе спортски активности, првенствено поради здравствени причини или љубовта кон спортот.
На кој начин да ги смените гените?
Секако да го постигнете ова првенствено треба да донесете одлука, а одлуките се донесуваат во мозокот. За сите големи животни промени а ова е една од таквите, потребна е низа на помали одлуки како коцките во сложувалката постепено што создаваат слика. Важно е да знаете дека сите ние имаме карактеристика да ги менуваме навиките.
1. Пронајдете нешто во што би уживале
Фитнесот е широк поим. Немојте да се ограничувате на неисправната дефиниција дека фитнесот е 30 минути кревање тегови,20 минути кардио вежби и 10 минути стомачни вежби. Фитнесот подразбира многу различни видови на активности и вежби и нема сомнеж дека секој би си нашол нешто забавно во теретаната: пилатес,аеробик,зумба,фитнес тренинг…оваа листа е бесконечна.
2. Изградете навика за вежбање
Знаете како е кога редовните вежбачи ке ви кажат дека тоа е стил на живот, Да уствари тое е тоа тренингот треба да стане дел од вашите секојдневни активности, како на пример одењето на работа, миењето на заби,готвење,туширање….Дури тогаш тренингот ќе го доживеете како рамноправен сегмент во вашиот живот, а не како обврска. Дури тогаш вашиот однос кон самиот себе ќе се смени. Само напред !! Уште денес сменете го вашиот ДНК код, вашиот начин на размислување и ќе станете по здрава и подобра личност.