Камилицата и нејзините здравствени благодети

Камилицата, која на сите ни е добро позната, има многу здравствени благодети, особено за дигестијата.
Камилицата најчесто се користи за да лечи болки во абдоменот, воспаление на внатрешните органи, и како седатив.
Може да се користи и за подготовка на хербален чај, а од неа се прават и креми и лосиони кои имаат чудотворно дејство за нашата кожа.
Еве кои се најголемите придобивки од оваа билка, која сме сигурни дека на пролет сите ја среќавате во дворовите и парковите.
Го подобрува имунитетот
Чајот од камилица е најверојатно најдобар чај за подобрување на имунитетот.
Неодамнешна студија покажала дека луѓето кои секојдневно конзумираат чај од камилица имаат повеќе од антибактерискиот елемент во телото наречен хипурат.
Содржи и антиоксидантни состојки кои помагаат да се изгради силен имунолошки систем.
Одлична за дијабетичари
Луѓето со дијабетес можат да уживаат во здравствените благодети на камилицата со пиење на неколку шолји чај дневно.
Помага да се управува со дијабетесот и го намалува шеќерот во крвта.
Таа успешно го регулира нивото на шеќер во крвта, без да влијае на инсулинскиот систем на лекување.
Лек за Хемороиди
За оние кои патат од хемороиди, маста е популарен начин да се ослободат од болката инстантно.
Чајот од камилица е одлична состојка за да се направи маст за хемороиди.
Ја смирува мигрената и главоболката
Чајот од камилица успешно помага и кај луѓето кои патат од мигрена и болката која следува после нападите.
Ги прави мускулите порелаксирани и овозможува подобар сон, што е многу корисно бидејќи неспиењето е честа причина за јавување на мигрените.
Добро влијае и при главоболки од грип, стрес и нервоза.
За болки и грчеви во стомакот
Друг огромен бенефит на камилицата е што таа е еден од најдобрите лекови за проблеми и болки со стомакот и внатрешните органи.
Камилицата содржи силни анти инфламаторни и антибактериски својства, кои помагаат да се намали болката во стомакот, грчевите, киселината, надувањето и гасовите.
За подлабок сон
Ако имате проблеми со инсомнија, чајот од камилица е одличен лек за вас.
Неколку студии биле направени на ова поле, и чајот од камилица се покажал како подобар лек за спиење отколку многу хемиски обработени лекарства.
Пиењето на шолја чај од камилица пред спиење ќе помогне побрзо да заспиете, и да имате поздрав сон.
Ги намалува подочниците и ја осветлува кожата
Покрај здравствените благодети на камилицата, таа е и една од омилените состојки за луѓето кои посветуваат внимание на убавината и здравата кожа.
Чајот од камилица, како средство за миење на лицето е корисен за осветлување на кожата, и за отстранување на темните кругови околу очите.