“КАТЛЕРОВ ШЕЈК” ЗА ПОСЛЕ ТРЕНИНГ

Џеј со текот на годините ја довел својата исхрана до совршенство, па нам може да не зачуди овој необичен шејк кој што тој го конзумирал непосредно по завршувањето на тренингот.
Катлер вели: Јас сум многу строг кога станува збор за мојата диета, но откако ќе завршам со тренингот јас сам себе си се наградувам со овој необичен шејк. Земам околу 2,5 дцл Кока-Кола и 3 мерила протеин од сурутка со вкус на ванила и ги промешувам во шејкер.
Во ова додавам искршен мраз и сево ова заедно го јадам со лажица како супа!
Го прашавме дали е загрижен поради фруктозата од Кока Колата (фруктозата полесно се претвора во масти за разлика од гликозата и декстрозата).
Катлер одговори: Не, не се грижам за фруктозата, бидејќи оваа количина се занемарува за човек со моја големина и одлично доаѓа за обновување на потрошениот гликоген од мускулите и црниот дроб по тренингот!
Џеј внимава на другите намирници кои ги внесува во текот на денот, така што овој шејк не само што е награда за добро завршениот тренинг исто така е и дополнување на енергија за следниот тренинг!
Состојки:
– 2.5 dcl Кока Кола
– 3.5 dcl здробен мраз
– 30 гр протеин од сурутка со вкус на ванила.
Калории: 234
Масти: 4,50