Кафето и вашето здравје

Кафето можби има добар вкус и можеби ве крева во утринските часови, но како тоа влијае на здравјето?
Истражувањата покажаа дека оние кои пијат кафе во споредба со оние кои не пијат се со помала веројатност да развијат дијабетес тип 2, Паркинсонова болест и деменција, и има помалку случаи на одредени видови на рак, проблеми со срцевиот ритам и мозочен удар.
Ако сте еден од оние кои консумираат премногу кафе, можеби ќе сакате да знаете што кафето прави за вас.
“Секако дека постојат многу повеќе добри вести отколку лоши кои се однесуваат на односот на кафето и здравјето”, вели доктор и професор на Харвард Френк Ху.
Но не беше докажано дека кафето ги спречува овие болести. Истражувачите не бараат од луѓето да пијат кафе или намерно да го прескокнаа еден ден за да се добијат некои резултати.
Тие ги прашуваат за нивните навики поврзани со кафе. Овие студии не може да ја покажат причина ниту дејството.
Можно е дека оние кои пијат кафе имаат и други предности, како што е правилна исхрана, повеќе вежбање, или заштитни гени.
Значи, не постојат докази. Но, постојат знаци за потенцијални оштетувања на здравјето и неколку мерки на претпазливост.
Дијабетис тип 2
“Огромно мнозинство од овие студии гибпокажуваат предностите на кафето како превенција од дијабетес. Постојат и докази дека кафето без кофеин, исто така делува како и обичното кафе “, вели д-р Ху во 2005 година, лекарскиот тим помина низ девет студии поврзани со кафе и дијабетес тип 2.
Повеќе од 193.000 луѓе, оние кои пијат повеќе од 6-7 шолји кафе дневно имале 35% помала веројатност за дијабетес од оние кои пијат помалку.
Тие исто така велат дека оние кои пијат помеѓу 4-6 чаши дневно имаат 28% помал ризик. Овие студии не се поврзани со полот, тежината или географска локација.
Австралиските истражувачи прегледа 18 студии со околу 458.000 учесници. Тие откриле 7% намалување на шансите да се добие дијабетес тип 2 за секоја дополнителна шолја кафе дневно.
Имаше сличен ризик за намалчување кај оние кои пијат кафе без кофеин и чај. Истражувачите укажуваат дека податоците што ги добиле од помали студии се помалку сигурни.
Можно е да се прецени силата на врската помеѓу кафето и дијабетесот.
Како кафето може да ги задржи дијабетесот далеку?
Доктор Ху укажува на антиоксиданси – хранливи состојки кои помагаат да се заштити ткивото на молекули наречени не-оксидни радикали.
Тој вели дека кафето има многу силен антиоксидансен капацитет. Исто така содржи минерали како магнезиум и хром, кои помагаат да телото го користи хормонот инсулин, кој го контролира шеќерот во крвта.
Кај дијабетес тип 2, телото ја губи можноста за употреба на инсулин и го регулира шеќерот во крвта ефективно. Но, веројатно не е до кофеинот.
Врз основа на истражувањето, д-р Ху смета дека придобивките не доаѓаат поради кофеинот.
Задржете го кофеинот?
“Фактот дека кафето содржи добри работи не значи дека е добро за нас”, вели д-р Д. Лејн, професор на Универзитетот Дјук. “Не е докажано дека конзумацијата на кафе носи зголемување на антиоксидансите во организмот.
Знаеме дека постојат големи количини на антиоксиданси во кафето, особено во свежо подготвеното, но не знаеме дали ќе се појават во крвта и телото кога луѓето пијат кафе. Вакви студии се уште не се завршени. ”
Обичното кафе содржи кофеин. Тој може да го зголеми крвниот притисок како и нивото на крвта на епинефрин (адреналин).
Болести на срцето и мозочен удар
Кафето може да спречи повеќе фактори на ризик за срцев и мозочен удар.
Прво, постои потенцијал ефект врз ризикот од дијабетес тип 2. Дијабетес тип 2 често води до срцеви заболувања и мозочен удар.
Покрај тоа, кафето е поврзано со мал ризик од срцеви аритмии (уште еден фактор за ризик за срцев и мозочен удар) кај жените и мажите и помал ризик од мозочен удар кај жените.
Во новата студија, со 130.000 испитаници, луѓе кои се пријавиле дневно да испијат 1-3 шолји кафе имале 20% помала веројатност да бидат хоспитализирани поради абнормален срцев ритам, отколку оние кои не пијат кафе, без оглед на другите фактори на ризик.
За жените, кафето може да значи намалување на ризикот од мозочен удар.
Во 2009 година, истражување со 83.700 медицински сестри покажа дека 20% е помал ризик од мозочен удар од кај оние кои се изјасниле дека пиеле две или повеќе чаши на ден, во споредба со оние кои пиеле помалку или воопшто не пиеле кафе.
Тоа вредеше, без оглед на тоа дали жената има висок крвен притисок, висок холестерол и дијабетес тип 2
Паркинсонова и Алцхајмеровата болест
“За Паркинсоновата болест се секогаш податоците доследни: повисока доза на кафе е поврзано со намалување на ризикот од Паркинсонова болест.
Ова се должи на внесот на кофеин, ма да не е јасно како тоа точно функционира “, вели д-р Ху.
Кафето е поврзано со мал ризик од деменција, вклучувајќи Алцхајмерова болест.
Истражувањата од Финска и Шведска во 2009 година, покажуваат дека од 1400 мажи следени 20 години, оние кои пријавиле дека пијат 3-5 шолји кафе на ден имале 65% помал ризик од развој на деменција и Алцхајмерова болест, во споредба со оние кои пиеле малку кафе или воопшто не пиеле.
Рак
Докази за превенција на ракот како ефект од кафето се послаби од оние кои се поврзани со дијабетес тип 2. Но, според д-р Ху, податоците поврзани со рак на црниот дроб се доследни.
“Сите истражувања покажаа дека голем внес на кафе е поврзано со понизок ризик на цироза на црниот дроб и рак на црниот дроб”, вели д-р Ху.
Тој не е сигурен како тоа функционира, но смета дека е многу интересен феномен.
Ова истражување укажува на можна поврзаност, но како и сите други, и ова не ги покажува ефектите и причините.
Бременост
Во август 2010 година, Американскиот колеџ за акушерство и гинекологија вели дека умерена доза на кафе – помалку од 200 мг на ден или околу 340 грама кафе – не носи голем ефект и не доведува до спонтан абортус, предвремено породување и не влијание врз развојот на фетусот.
Но ефектите од високите дози на кофеин се непознати, како и други истражувања покажаа дека бремените жени кои внесуваат големи количини на кафе дневно имаат голем ризик од спонтан абортус од оние кои не пијат кафе или внесуваат многу малку.
Повторно, не е доволно јасно дека за сево ова не е одговорно кафето.
Калории, киселини и урина
Црното кафе е многу ниско калорично и 170 грама шолја црно кафе содржи само 7 калории.
Она што може да предизвика да ја прескокнете вашата дневно калориско ограничување се додатоци како што се кафе, млеко, шеќер, крем …
Со додавање на повеќе кафе и млеко ќе достигнете до број од 46 калории. Ако сакате и крем за кафе тогаш ќе имате 48 калории, а ако додадете лажичка шеќер ќе добиете дополнителни 23 калории.
Ако пиете повеќе кафе, почесто ќе одите во тоалет.
Кофеинот е благ диуретик, и ве тера да уринирате повеќе отколку што треба ако не пиете кафе. Кафе без кофеин има речиси ист ефект врз производството на урина.
И двата вида на кафе содржат киселини кои можат да ви предизвикаат киселини во желудникот.