КАЧУВАЊЕ

За да се надминеме самите себе качувањето кон небото за да го погледаме животот од горe односно од птичја перспектива, претставува вистински предизвик.
Возбудливо и во тренд, качувањето по карпи и зидови многу е корисно за виткоста : според истражувањето кое го реализирале стручњаците од мексиканскиот универзитет, овој спорт согорува помеѓу 9 до 13 калории во минута а тоа значи 1000 калории за еден час и половинa качување !
Покрај тоа, ја развива и мускулатурата на горниот дел од телото…
Како што наведува, качувањето бара константни напори и одлична физичка кондиција која се одржува со дополнителни спортски активности како што се: трчање, велосипедизам, пливање или бодибилдинг.
Овој спорт се ужива па и тогаш кога се качувате по ѕидовите на зимските дворани за одржување на кондицијата.
Концентрирајте се на ракофатите и напредувајте метар по метар, ништо подобро не може да ги освежи мислите од овој спорт.
Секоја вежба звршува со победничко чуство кое ве исполнува со самодоверба.
Во слични спортови се вбројуваат: триатлон и спелеологијата.
Опрема за вас
Чевли за качување. Се прилагодуват на обликот на стапалата, тенисици со патент затворач се идеални за сите кои се одушевуваат со качувањето.
Ракавици кои ќе ви заштитат рацете, тие се посебно обложени и направени токму за ваква намена.
Ако не сте пробале искрено ви препорачуваме да го пробате овој спорт, не само ако сте зависници од адреналин туку и поради посебното чуство што го доловува овој рекреативен спорт.
Јажиња кои се специјална опрема за искачување по карпи и планини за оние кои професионално се занимаваат со овој спорт.