КАЈСИИ – БОГАТИ СО ЛИКОПЕН И БЕТА КАРОТИН

Кајсиите се особено делотворни во подобрување на работата на мозокот и при третирање на анемијата поради богатството со фолна киселина, кобалт и бакар.
Маслото од кајсија одамна се користи во борба против карциномот и улкусот, како и во козметката за омекнување на кожата.
Единствено, бремените жени не би требале да консумираат големо количество кајсии, поради високата концентрација на бакар во нив.
Кога ќе купувате кајсии, треба да бидат со изразена боја и меко ткиво.
Избегнувајте зеленкасти кајсии, затоа што никогаш нема да дозреат.
Се чуваат два дена на собна температура, па се до 5 дена во фрижидер.
Кајсиите се мали, златно – портокалови плодови со кадифена лушпа и месо. Не се многу сочни, но сепак, имаат мек и сладок вкус.
Долго време се сметало дека нивната татковина е Ерменија. Подоцна е утврдено дека најпрвин се одгледувале во Кина, од каде Александар Македонски ги донел во овие подрачја.
Во тој период биле познати како златниот плод на Сонцето.
Денес постојат многу видови кајсии од кои најквалитетни се Брисел, Бреда, Кралска кајсија и холандската кајсија.
Повеќе од половина од светското производство доаѓа од Турција, Иран и Италија.
Овој плод содржи семка која може да има сладок или горчлив вкус.
Овие семки понекогаш, во кујната, се употребуваат како замена за бадеми.
При проучување на примитивните цивилизации дојдено е до сознание дека тие не заболуваат од карцином.
Некои стручни лица сметаат дека тоа е поради консумирањето на амигдалин (витаминот Б17) кој го има во семките на кајсијата.
Но, тие мислења се поделени, бидејќи во нив има и водороден цијанид.
Големото количество на бета-каротин и ликопен ги прават кајсиите многу лековито овошје.
Имено, и едниот и другиот го заштитуваат ЛДЛ холестеролот од оксидација, што може да помогне во спречување на болестите на срцето.
Содржат и големо количество витамин А, кој помага во подобрување на видот.
Токму слободните радикали може да ја оштетат очната леќа.
Кајсиите се и одличен извор на влакна, кои делуваат делотворно на системот за варење.
Секоја здрава диета мора да го балансира внесувањето на влакна, а кајсијата може одлично да ја одигра таа улога.
Во 100 грама од овој вкусен плод има 48 кцал енергија, 1.4 % протеин, 0.4% масти, 11,125 јаглехидрати, од кои 18% диетални влакна и 80% шеќери и не содржи холестерол.
СОСТОЈКИ | ВРЕДНОСТ ВО 100 гр |
---|---|
ВИТАМИН Ц | 15,5 мг |
ВИТАМИН А | 2985 иу |
ВИТАМИН Е | 1,4 мг |
ВИТАМИН К | 5,1 мкг |
КАЛИУМ | 401 мг |
БАКАР | 0,1 мг |
МАГНЕЗИУМ | 15,5 мг |
ЖЕЛЕЗО | 0,6 мг |