КИКИ БАНАНА ШЕЈК

Овој шејк ви го препорачуваме за после тренинг, одлична комбинација на банана која ви обезбедува магнезиум, путер од кикирики и спанаќот кој што изобилуваа со железо и екстракт од ванила за пикантност.
• 1/2 чаши јогурт
• 1/2 чаши безмасно млеко
• 1 свежа банана
• 1 лажица путер од кикирики
• 1 рака листови од спанаќ
• неколку капки екстракт од ванила
Нутритивни вредности (по чаша): 294 калории, 12 гр протеини, 45 гр јаглени хидрати , 4 гр влакна, 29 гр шеќер, 3,5 гр масти, 2 гр заситени масти, 179 мг натриум.