Ким & Клое Кардашијан и таблетите за слабеење

Ким Кардашијан ги промовира “QuickTrim” таблетите по светот, додека во САД се води судски спор во кој незадоволните клиенти ја тужат за 5 милиони долари.
Тужба за лажно рекламирање поднесоа четири клиенти тврдејќи дека “QuickTrim” таблетите се нездрави и дека не делуваат.
Тужителите тврдат дека активната супстанција кофеин во таблетите не е здрава, и не е ефективна за губење на тежината.
Покрај тоа, тужителите тврдат дека нема никакви докази дека земањето од таблетите води кон намалување на телесната тежина.
Разочараните клиенти тврдат дека никогаш не би издвоиле пари наменети за “QuickTrim” таблетите кога би знаеле дека тие се неефикасни и дека Кардашијанови кои ги рекламираат дека даваат неточни и неподдржани изјави.
Ким и нејзината сестра Клое се ангажирани од пред три години како заштитно лице од “QuickTrim” и од тогаш константно ги наведувале нивните 14.7 милиони фанови на Твитер да ги користите “QuickTrim” таблетите тврдејќи дека им помогнале да изгубат на тежина.
Во текот на овој период, Ким и Клое изгледаат исто и воопшто немаат изгубено на телесна тежина.