КОГА Е НАЈДОБРО ВРЕМЕ ЗА ТРЕНИНГ?

Нашето тело, лаички речено работи на основа на внатрешен часовник.
Сите ние во себе го имаме тој мал часовник врз основа на него може да се утврди оптималното време за јадење, тренинг и други активности.
Нашето тело е навикнато во текот на денот да може да ги зголеми активностите, и во текот на ноќта да одмора и да биде во состојба на спиење (чест на исклучоците).
Навикнат на секојдневна активност организмот со многу поголем капацитет работи во текот на денот, многу полесно се трошат калории во текот на денот, а се таложат во текот на ноќта.
Само затоа што многу често сами на себе си кроите диета исфрлајќи оброци после 18 или 20 часот, мислејќи дека така полесно и побрзо ќе изгубите на телесната тежина што секако е погрешно.
Друг елемент кој одредува кога е најдобро време за тренинг е исхраната.
Ако ги почитувате правилата на исхрана, појадокот треба да ви биде најобилен и да содржи најмногу јаглехидрати кои ќе ви дадат сила, додека вечерата треба да содржи многу помалку јаглехидрати и да биде со многу помал капацитет.
Од сите лекции досега, дојдовме до заклучок дека најдобро е да тренирате по појадокот.
Бидејќи појадокот не треба да биде веднаш по будењето, а тренингот не треба да биде веднаш по појадокот.
Идеално време за тренинг е околу 2 часа по будењето, или околу еден час после појадокот.
Тогаш нашето тело има најмногу енергија и одморен е.
Друга добра пракса е утринско џогирање на празен стомак. Околу половина час по будењето и пред појадокот.
Оваа навика може значително да го забрза вашиот метаболизам и ќе ви помогне брзо да ги постигнете саканите резултати.