Коензим Q 10

Коензим Q 10 претставува суптанца слична на витамините Е и К, што ја има и во човековиот организам, најмногу во црниот дроб, бубрезите, срцето и панкреасот.
Има антиоксидативна активност. Во организмот го внесуваме преку исхрана со месо и преку морски плодови.
Може да се синтетизира во лабараторија и да се користи како лек.
Се користи при кардиоваскуларни болести и болести на крвните садови во услови како што се: намалена работа на срцето, болка во градите – ангина, хипертензија, срцеви проблеми поврзани со терапија на канцер.
Исто така се користи при дијабетес, заболувања на непца (се нанесува директно), канцер на дојка и хантингтонова болест.
Се верува дека овај коензим спречува губењето на косата при терапија со варфарин – лек што се користи за спречување на коагулација на крвта.
Коензим Q 10
Коензим Q 10 се користи за зголемување на енергијата затоа што има улога во производството на АТП молекулите во клетките.
Се користи и за лечење на некои наследни и стекнати пореметувања при митохондријални оштетувања, како и за подобрување на перформансите при вежбање.
Се користи и при јакнење на имунитетот кај луѓе заболени од ХИВ вирусот, машки инфертилитет, мигрена, болка во мускулите предизвикана поради користење на лекови – статини.
Се смета дека може да го продолжи животниот век поради тоа што нивото на коензим Q 10 е највисоко во првите 20 години од животот а потоа опаѓа.
Во 80 години нивото на коензим Q 10 може да биде помало дури и од нивото на коензим Q 10 при раѓањето.
Прв пат е идентификуван во 1957 година. Денес се користи во многу земји најмногу против кардиоваскуларни заболувања особено при срцева исуфициенција.
Коензим Q 10 се добива со ферментација на шеќерна репка и трска со посебни слоеви на квасец.
Тој е неопходен за нормално функционирање на многу органи и хемиски реакции во организмот, затоа што обезбедува доволна количина на АТП во клетките.
Личности со одредени заболувања како што се: срцева исуфициенција, хипертензија, парадентоза, паркинсонова болест, болести на мускулите, сида, имаат ниско ниво на коензим Q 10.