Колку калории на ден му се потребни на вашето тело?

Ако размислите подобро, слабеењето и не е толку тешка работа. А понекогаш ниту дебелеењето не е толку тешко.
Сите што треба да направите е да внесувате помалку калории отколку што ви е потребно со цел да ја намалите телесната тежина или упорно да работите ако сакате да ја зголемите вашата телесна тежина.
А колку калории дневно навистина е потребно?
Со помош на Харис Бенедикт-овата формула лесно може да дојдете до одговор.
ФОРМУЛА ЗА ЖЕНИ
447,593 + (9,247 x телесна тежина во килограми) + (3,098 x висина во сантиметри) – (4,330 x години на старост)
ФОРМУЛА ЗА МАЖИ
88,362 + (13,387 x телесна тежина во килограми) + (4,799 x висина во сантиметри) – (5,677 x години на старост)
Откако ке го добиете конечниот резултат, множете го со коефициент на активност со цел да се добие конечниот број на потребни калории кои треба да ги внесете во текот на денот.
– Нема активност: 1.2 x
– Мала активност: x 1.375
– Умерена активност: x 1.55
– Висока активност: x 1.725
– Секојдневна активност: x 1.9
Верувале или не, оваа формула е откриена уште во 1919 година, но дури и денес функционира правилно, секако, ако внесете точни информации.