Колку пати треба да практикувате секс?

Без оглед на тоа дали сте во врска, во брак или соло со „пријател со бенефиции“, сигурно барем еднаш сте се запрашале колку секс е нормално.
Еднаш дневно, еднаш неделно, еднаш месечно?
Точен одговор на ова секогаш присутно прашање нема бидејќи количеството секс во некој однос зависи од индивидуалните потреби, желби и можности.
Либидото на секоја личност е на различно ниво и не мора да значи дека вие и вашиот партнер сте на иста бранова должина по тоа прашање.
И не мора да бидете, иако степенот на ускладеност е попорционален со задоволството во сексуалниот живот.
Од друга страна, може да се случи вие и вашиот партнер да имате совршено ускладено либидо и да водите љубов секогаш на заемно задоволство, без разлика дали тоа еднаш неделно или еднаш месечно.
Она што е важно е да не се заморувате со бројките и со статистиките на другите двојки, сè додека вие сте задоволни со вашето количество секс во вашиот живот.
Не мора да се грижите дека со вас нешто не е во ред ако сакате секс секој ден или дури и повеќе пати дневно, или пак ако желба и потреба за секс имате само еднаш месечно.
Човечката сексуалност е со навистина широк спектар според сите можни преферирања и како што различните луѓе сексуално се возбудуваат од различни работи, пози и движења, тешко е да се зборува за нормално количество секс.
Иако постојат многубројни статистики на оваа тема, тие не мора да ве загрижуваат ако не се вклопувате во повеќето.
Најважно е вашето задоволство и можноста за здрав разговор за сексуалниот живот со вашиот партнер.
Ако вие и вашиот партнер се разликувате во потребите, обидете се да најдете компромис и разговарајте за тоа.
Здравата комуникација е темел на секој успешен однос, без разлика за кој проблем станува збор.
Иако, да се разбереме, нивото на нечие либидо не би требало воопшто да се смета за проблем.