Комбинација на кетбели со другите содржини на тренингот

Во претходните статии пишувавме што се кетбели, наведовме предности на тренинг со кетбели, опишавме одредени вежби кои може да се прават со нив и објасни различни состави на тренинг со кетбели.
Во оваа статија ќе се посветиме на комбинација на кетбелите со другите реквизити и другите содржини на тренинг.
Интересна комбинација се трчање (спринт) и вежби со кетбели. Тие можат да се направат во различни комбинации.
На пример: Креваме кетбел (тежина по избор) и го носиме 10 метри и се враќаме на стартна позиција, потоа креваме друг кетбел, и го носиме 10 м и го враќаме пак во стартната позиција, вака 3-4 пати.
Вака можеме 30 до 40 метри. Може да се комбинираат една, две или три кетбели со иста или различна тежина.
Може да се комбинираат и гимнастички прстени (карики) со тренинг со кетбели. Во повеќето вежби со кетбели преовладуваат потисоци.
Затоа може да се комбинираат вежби на карики со вежби со кетбели.
Ние мораме да кажеме дека овде не се работи за цели карики, туку се користат карики кои можат да се врзат на јаже на местото за згибови во фитнес-центар, или ако тренираме на отворено може со јаже да се префрлат преку гранка и така може да се изведуваат вежбите.
Единствениот проблем со кариките е дека мора да бидете доволно силни за вршење на вежбите додека со кетбелите се уште може да ги земете оние со полесни тежини.
Ако ги вклучиме во тренингот вежбите како сквотот, мртво кревање и потисок на рамна клупа (сите со шипка) може позитивно да влијаат на тежината на кетбелите со кои вежбаме и на бројот на повторувања кои ги правиме.