Конечно се знае што дамите највеќе сакаат кај мажите !!

Илјадници години, припадниците на посилниот пол се обидуваат да дознаат кои делови од нивните тела дамите прво ги приметуваат, и кои им овозможуваат да остават позитивни впечатоци.
Речиси не постои маж кој нема погрешна перцепција и не го мачат некои работи околу неговиот изглед, било да е тоа на косата, големината на мускулите, па дури и половите органи.
Поради целата полемика окулу сето ова, експертите одлучија да донесат некои заклучоци окулу овие прашања. Голем број на припадничките на женскиот пол беа анкетирани, а резултатите биле изненадувачки за многумина.
Жените сметаат дека привлечен маж има широки рамената, убави заби и рамен стомак, и тоа е се!
Кога станува збор за делови од телото кои може да се развијат во салата за вежбање, бидејќи сите мажи немаат исти генетски предиспозиции, рамениците, според тоа, се најатрактивниот дел на телото на мажите.
Во прилог на ова дамите истакнуваат дека им се допаѓаат мускулести раце, а особено ова се однесува на убаво оформени бицепси и трицепси.
Стомакот е исто така нешто нашто може да влијае со физички вежби, и за разлика од сваќањето на мажите кои мислат дека изразените “плочки” се нешто што е најатрактивно, на дамите само им е важно стомакот е рамен и да нема сало наокулу.
Забите се еден од главните фактори во оценката за мажите од страна на жените. Интересно е тоа што дури на жените и не им е толку значајна ниту симетријата на сите делови на лицето, тие дури и сакаат нешто што не е совршено.
Косата и висина се работи со кои мажите најверојатно најмногу се оптеретуваат, но според мислењето на повеќе од 40 проценти од дамите и ќелавите мажи се многу привлечни.
Од друга страна одреден праг за “атрактивна висина” не постои, жените сакаат “нивниот човек” да биде само повисок од нив, а 10 см се смета за оптимална разлика.
Облекувањето е еден од најважните елементи иако тоа не се однесува чисто на физичките атрибути, дури 67 проценти од дамите не сакаат да излегуваат со маж кој не се облекува добаро според нивното мислење.
Жените исто така сакаат мажот да има убаво обликуван задник, тоа може да се постигне со редовно вежбање во фитнес центрите.
Затоа момци нашиот совет е да вежбате не само поради поубав и попривлечен изглед од страна на дамите, тоа правете го за себе и од здравствени причини 🙂