Копривата го спречува опаѓањето и го поттикнува растот на косата

Копривата е една од најдобрите и најделотворните лековити билки. Целото растение е лековито, така што се користи и коренот, и листовите и семето.
Копривата е богата со разни корисни состојки, калциум, фосфор, железо, витамин Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина и др.
Копривата е најпозната како средство за прочистување на крвта и зголемување на бројот на црвените крвни зрнца.
Во народната медицина се користи и за други цели како регулирање на нивото на шеќер во крвта, против заболувања на јетрата, слезинката и жолчката, против грчеви и чиреви на желудникот, за белодробни заболувања, за лечење на болести предизвикани од вирузи и бактерии и т.н.
Копривата одлично делува на косата, го спречува нејзиното опаѓање и го поттикнува растот.
Тинктурата од коприва посебно благотворно делува на секој тип на коса.
Ако ја миете косата со чај од коприва, таа ќе биде убава и бујна, ќе го спречите паѓањето и прекумерното мрсење.
ПОДГОТОВКА:
4 до 5 раце свежа или сува коприва се преливаат со 5 литра вода и се варат на тивок оган додека водата не зоврие.
Се остава да стои 5 минути и потоа се користи за миење на косата.
Ако се користи корен од коприва, една полна рака се остава да отстои во ладна вода преку ноќта, и наредниот ден се загрева на тивок оган додека водата не зоврие.
Потоа се остава да отстои десетина минути, па се мие косата. Користете благ и квалитетен шампон и на крај убаво измијте ја косата со чајот од коприва.
РЕЦЕПТ 1 ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСА
Исто така, одличен лек против опаѓање на косата ќе добиете и ако копривата ја смешате со жалфија и чичков корен. 25 г. коприва, 25 г. жалфија, 25 г. чичков корен се прелеваат со 3 литра вода и се варат додека водата не зоврие.
Се остава да се излади, се прецедува и потоа се мие косата.
РЕЦЕПТ 2 ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСА
Можеби најпознатиот лек од коприва против опаѓање на косата е тинктурата од коприва и алкохол, која навистина дава одлични резултати.
Се подготвува едноставно: 100 грама корен од коприва убаво се мие и се става да отстои во 1 литар ракија или 70% алкохол 8 дена.
Шишето ставете го на сонце. После тоа се прецедува во друго чисто шише се додаваат неколку капки рицинусово масло.
Масирајте го коренот на косата секој втор ден.