Користите течна пудра или пудра во прав?

Сите се стремиме за совршен тен, но колку луѓе всушност немаат никаков проблем со тенот?
Па дури и оние жени кои се доволно среќни да имаат здрава и уредна кожа, без трага од акни и други неправилности, сакаат да го подобрат нивниот тен.
Ајде да се соочиме со тоа дека сите сме манијаци кога лицето е во прашање.
И покрај фактот дека ние никогаш не сме задоволни со она што природата ни го дала – или имаме преголеми или премали очи, премногу дебели или премногу тенки усни и така натаму.
Но, кога станува збор за тенот секогаш постојат измислени недостатоци кои сакаме да ги решиме.
Имајќи во предвид дека не сме во можност со лицето да правиме она што го сакаме, ни останува само на соодветен начин да ги скриеме овие мали проблемисо тенот.
Ова лесно може да се реши со користење на шминка која покрива – темелна подлога или пудра во прав.
Но најтешкиот дел е соодветен избор на шминка за да ја покрие проблематичната кожа.
Постојат различни типови на тен, кој е различен кај жените.
Тука треба да се запрашате каква шминка треба да користите: Одредувате каков тен имате следејќи ги едноставните правила а потоа да купите шминка која ви одговара.
Жените кои имаат нормална кожа се најсреќни, бидејќи епидермисот им има рамна текстура, соодветна рамнотежа помеѓу содржината на масти и влага, па не е ни мрсна ни сува.
Тие немаат чести проблеми со кожата, но може да имаат со тонот на кожата, две различни нијанси кои жените сакаат да ги изедначат.
Некои жени се премногу бели или имаат премногу црвеникава боја на кожата, па тие сакаат да го претворат тој тен во природна боја на кожата.
Жените кои имаат нормален тип на кожа може да користат течна пудра или пудра во прав.
Може да стават течна пудра но претходно да го исчистат лицето, а потоа пудра во прав за мазно лице во текот на целиот ден.
Пред нанесувањето течна пудра на лицето, треба длабоко чистење на кожата, а потоа да ставите крем кој најдобро одговара на вашата кожа.
После тоа, ако треба ставете коректор за подочњаци и подготвени сте за подлога.
Како општо правило течната пудра или пудрата во прав не треба да бидат повеќе од еден тон потемни или посветли од природната боја на вашата кожа.
Две нијанси на разликата би биле доволно. Не заборавајте да нанесете на целото лице, обрнете посебно внимание на задниот раб на лицето и вратот, ушите …
Сувата кожа обично е склона кон брчки и линии, бидејќи не може да задржи влажност и лојните жлезди не може да произведат доволно себум.
Оваа кожа често е дехидрирана и има потреба од посебна грижа и честа хидратација.
Затоа, жените со овој тип на кожа не треба да користат пудра во прав, бидејќи правот ја суши кожата уште повеќе.
Обиди се дополнително да користите крем за лице, која треба да има и анти-ритно својство (против стареење на кожата).
Течната пудра треба да биде доволно. Не обидувајте се да ја исправите со пудра во прав, бидејќи на сува кожа, пудрата во прав нема слободно да се “залепи” за мастите и вашето лице ќе стане набрчкано како да имате брашно на лицето.
Масната кожа е спротивна на сувата кожа, бидејќи прекумерно произведува себум и ја прави кожата мрсна.
Проблемот на овој тип на кожа е вишокот на маснотии на површината, кој привлекува прашина, нечистотија од околината, што доведува до формирање на дамки на кожата.
Затоа за мрсна кожа најважно е да се стави шминка која кожата нема да ја стори помасна отколку што е, туку ќе го впие вишокот.
Жените со вакви типови на кожа треба да користат пудра во прав наместо подлога.
Пудрата во прав ќе го апсорбира вишокот произведен од страна на лојните жлезди и кожата ќе изгледа убаво и немасно.
Уште една причина зошто жените со мрсна кожа треба да користат пудра во прав а не течна пудра. Течната пудра може да го блокира порите на кожата, додека во пудрата во прав им дозволува да “дишат”.
Пресудно е за порите кај мрсната кожа да не бидат блокирани бидејќи ако се, тогаш тие се инфицираат и прават проблеми во врска со акни.