Костени – носители на здравјето!

Ни даваат снага и расположение, единствена мана им е високата енергетска вредност, но ако ги јадете варени, нема да се здебелите.
не може да одолее на мирисот на печен костен кој се шири на улиците уште од 16тиот век.
Станува збор за драгоцено овошје чиј двослоен слој на лушпа штити од распаѓање.
Единствена мана му е високата енергетска вредност, но затоа е одличен за деца, спортисти, постари особи и сите што се изложени на поголем физичкки напор.
Скроб:
Од останатите орести плодови се разликува по нискиот уддел на масти, високата содржина на скроб и е единствен кој содржи витамин Ц.
За разлика од оревот и лешникот, кај кои главни состојки се масни масла, главен составен дел на костенот е скробот, кој како сирово семе има околу 44%.
Поради високата содржина на скроб, од костенот може да се добие брашно кое, само или помешано со брашно се користи за правење леб и пецива.
Брашно од костен, поради својата лесна сварливост, погоден е во исхраната кај постарите и децата.
Витамини и минерали:
Костенот исто така содржи минерали, витамини од Б групата, витамини А и Ц. Од минералите, богат е со калиум и фосфор, а содржи и калциум, магнезиум, сумпор, хлор, железо, бакар и манган.
Бидејќи е богат со калиум, а сиромачен на натриум, се препорачува во диета кај болни од бубрежни и циркуларни заболувања.
Зошто е подобар варен:
Печениот костеи има поголема енергетска вредност, поголема количина на протеини, масти, витамини и двапати повеќе јаглехидрати.
Исто така, содржи витамин Е и фитохемикалии кои не се застапени во варен костен, додека варениот костен содржи поголема количина на минерални состојки.
Диви костени:
За разлика од питомиот, дивиот костен не се јаде поради изразениот горчлив вкус, но затоа е познато неговото лековито делување.
Флавониди, кумарини, сапонозиди кои се користат во производството на фармацевтски препарати- првенствено за лечење на заболувањата на вените, како што се проширени вени, хемороиди, тромбофлебитис.