Која сол е најдобра: Морската, готварската или хималајската?

Солта е без сомнение, најмногу користен зачин во нашите кујни. Иако голема количина на сол во исхраната не е потребна, многу од нас не можат да си ги замислат оброците без додавање на сол.
Сепак, лекарите истакнуваат дека во денешната исхрана луѓето внесуваат поголеми количини на сол отколку што треба, а поголема количина на сол се смета за одговорна за развој на многу болести на бубрезите, висок крвен притисок до кардиоваскуларни болести.
Но, тоа не значи дека солта треба да ја исфрлите од исхраната.
Солта е присутна во многу физиолошки процеси во организмот, помага во одржување на крвниот притисок, правилното функционирање на нервниот систем, влијае на квалитетот на спиењето, ги намалува мускулните воспаленија и учествува во апсорпцијата на други хранливи состојки и голем број на други процеси.
Значи солта секако ни е потребна, но во умерени количини. Исто така, готовите наминици изобилуваат со сол, па поради оваа причина обидетесе да ги избегнете.
Па која сол да се избере? На пазарот постои се поголем избор на различна сол и сите имаат различни карактеристики и вредности.
Да ја споредиме морската сол, готварската сол и Хималајската (розова) сол, кои обично се среќаваат во нашите домаќинства.
Морска сол
Морска сол се добива со испарување на морската вода, во текот на овој хемиски процес со кој се обработува солта, се губат многу од нејзините минерали, па и се намалува и вредноста.
Така морската сол, пред хемиска обработка, уз натриум хлорид содржи и многу други минерали, но тие во текот на процесот на рафинирање се губат.
Оригиналната морска сол содржи 80-тина минерали и елементи, карбонати и сулфати и минерали како калциум, калиум, бром, натриум, манган, магнезиум, јод, железо, флуор и силицилна киселина.
Придобивките кои и припаѓаат на морска сол се следниве, ако се зема во умерени количини:
• го зајакнува имунолошкиот систем
• го алкализира телото и ја одржува здрава pH вредноста на организмот
• помага во одржување на здрава кожа, коса и нокти
• ги намалува воспалителните процеси на респираторниот систем
• ги олеснува тегобите на оние кои страдаат од астма
• помага во намалување на холестеролот и одржување на здравјето на срцето
• ја намалува потребата за инсулин па помага на оние кои страдаат од дијабетес
• го одржува здравјето на коските бидејќи 1/4 од вкупниот износ на сол во организмот се наоѓа во коските и ги одржува цврсти
• спречува мускулни грчеви и спазми
За жал, поради загадувањето, морска сол може да биде загадена и со други токсични елементи кои се наоѓаат во отпадните води кои завршуваат во морињата.
Готварска (камена, кујнска) сол
Камената сол се добива со ископување наслаги од сол во рудниците и со мелење и чистење.
Првично и оваа сол е морска, но останала на местата каде што исчезнале морињата.
Сепак од ископување во рудниците до нашата маса, солта помина низ многу хемиски процеси и и се додаваат многу адитиви со кои таа изгуби многу на квалитет.
На овој тип на сол често се додава за време на обработката јод, а всушност овој минерал е одговорен за заштита од многу болести, меѓу кои се најчести болестите на тироидната жлезда.
Сепак, она што значително ја намалува критичната вредност на овој вид на сол се високите температури на кои е изложена оваа сол за време на обработката (до 650 ° C).
Овие температури ги уништуваат сите позитивни својства на солта.
Уз ова со конзумирање на овој вид сол се поттикнува лачењето на вода од органите ради неутрализирање на натриум хлоридот од солта.
За секој грам од овој тип на сол, организмот од органите повлекува 20 пати поголем износот од страничните води!
Овој процес го поттикнува развојот на целулитот, ревматизам, артритис, камења во бубрезите и жолчни камења.
Хималајска сол
Хималајската сол по своите карактеристики се издвојува од другите достапни видови сол на пазарот.
Оваа сол содржи 95-96% натриум хлорид и 84 природни минерали и елементи како калиум, калциум и магнезиум.
Поради уникатната структура, минералните во оваа сол се останати во колоидна форма, што значително ја олеснува нивната апсорпција во телото на човекот.
Од здравствени предности кои и припаѓаат на Хималајската сол, се издвојуваат:
• контрола на нивото на водата во телото и нејзина регулација со цел оптимално функционирање на организмот
• поттикнување стабилна pH вредност во клетките, вклучувајќи го и мозокот
• го поттикнува оптимално нивото на шеќер во крвта
• поддршката за намалување на знаците на стареење во организмот
• поттикнува создавање на клеточна хидроелектрична енергија
• поттикнува подобрување на способноста за апсорбирање на хранливите материи во дигестивниот систем
• поддршка на васкуларното здравје и циркулација
• го поттикнува здравјето на респираторниот систем
• го намалува влијанието кај проблемите со синусите иго поттикнува здравјето на дишните патишта
• ги намалува грчевите
• го зголемува здравјето на коските
• го подобрува спиењето
• дава поддршка за здраво либидо
• поддршка за здравјето на бубрезите и на жолчката
Која сол да ја изберете?
Без сомнение, предноста секогаш дајте и на Хималајската сол поради нејзиниот квалитет, но и вкус ќе и даде на вашата храна.
Морска сол се користи за готвење на храна, додека кујнската кујнска сол поради термичките процеси, оваа сол целосно ја изгубила вредноста и нема да ви ги донесе сите бенефиции кои ги очекувате од овој зачин.