КОЈ ВЕЖБИ ЗА СТОМАК СЕ НАЈЕФЕКТИВНИ?

Дали мачите мака со премногу масни наслаги на стомакот?
Прво пред се треба да се напомене дека стомачните наслаги се градат во кујната, но се разбира, постојат голем број на вежби кои можат да придонесат за враќање во нормала.
Ако внимавате на исхраната, нема да ви е тешко да ги користите овие вежби за да направите стомакот од вашите соништа, но ако не внимавате на исхраната резултатите се разбира ќе добиете со време но патот до нив ќе биде многу подолг.
Стомачни вежби
Се разбира основните вежби за стомачни мускули се стомачни вежби. Ако сакате да го стегнете стомакот, не може да ги изоставите овие вежби.
Често се поставува прашањето кои стомачни да ги правиме односно од кои имаме најдобар ефект.
Иако постојат многу варијации на овие вежба основниот тип е најдобар.
Закачите ги нозете на нешто и едноставно полека се подигнувате и спуштате.
За да се зголеми ефектот на оваа вежба не се подигнувајте до горе, нека биде малку помалку од 90 степени односно не дозволувајте им на мускулите на стомакот целосно да се опуштат кога се подигате.
Друга варијанта која ќе ви помогне да добиете подобри резултати е да се повлечете брзо, а да се спуштате полека.
Втората вежба во ефикасност за стомачни е спротивна од првата.
Фатете се со вашите раце за цврста подлога и подигнете ги нозете под агол од 90 степени, а кога ќе ги спуштате обидете се да да ги спуштате што пониско но да не го допирате подот.
Исто така, бидете сигурни дека нозете ги спуштате полека за да се зголеми ефектот.
Третата многу ефикасна вежба за стомачни мускули се кружни движења на стомакот. Нозете потпрете ги и вртете го стомак од лево кон десно колку што можете.
Главата треба да биде фиксна, колку што е можно повеќе. За вежбата да даде подобри резултати, може да држите тег од 5-10kg. Конкубирајте брзи и бавни движења.
Прескокнување на јаже
Оваа вежба значително ќе влијае на согорувањето на мастите околу стомакот.
Ако не ви оди, почнете полека па обидете се со време да достигнете што повеќе повторувања во најкус можен рок и подолго да издржите без пауза.
Трчање
Во место, на лента за трчање, трчајте брзо, бавно, нагоре, надолу, колку можете да издржите но трчањето е незаменлива вежба за да го отстраните салото.
Едноставно сами изберете како, каде и колку ќе трчате но ако сакате да ги дефинирате стомачни мускули обавезно вклучите го трчањето во вашиот тренинг програм.